Шпанија: На пола копје знамињата на Шпанската војска

Шпанија: На пола копје знамињата на Шпанската војска

Министерството за одбрана на Шпанија одлучи на посебен начин да го одбележи периодот од Велики Четврток во Воскресението Христово.

По тој повод сите шпански знамиња кои се наоѓаат на воени објекти, вклучувајќи го и седиштето на Министерството за одбрана во Мадрид, ќе бидат спуштени на пола копје. Како што пишува Catholic Herald станува збор за стара традиција.

Освен тоа војската ќе учествува на 152 процесии и прослави кои ќе се одржат во 80 шпански градови, одбележувајќи ја Страстната седмица.

Министерството за одбрана истакнува дека со ова нема да биде загрозена ничија слобода на вероисповед, со обѕир на тоа дека учеството во процесиите и настаните во Страстната седмица е доброволно.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот