Бог денес плаче заради човештвото кое не го сфаќа мирот кој Тој ни го нуди, мирот на љубовта – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 27 октомври 2016 година во капелата на домот Света Марта.
Бог и денес плаче над природните непогоди, војните водени заради „почитувањето на богот на парите“, пред многу невини кои ги убиваат бомбите, Бог плаче. Бог денес плаче заради човештвото кое не го сфаќа мирот кој Тој ни го нуди, мирот на љубовта – истакна Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 27 октомври 2016 година во капелата на домот Света Марта.
Во денешното Евангелие Исус го нарекува Ирод „лисица“ откако фарисеите му кажале дека сака да го убие. Исус вели она што ќе се случи: „се подготвува за смрт.“ Потоа се обраќа на „затворениот Ерусалим“ затоа што ги убива пророците кои му биле испраќани. Исус најпосле го менува тонот и „започнува нежно да говори“, „нежност Божја.“ Исус го гледа својот народ, го гледа градот Ерусалим. Тогаш „плаче над Ерусалим“. Бог Отец плачел во Исусовата личност: „колкупати сакав да ги соберам чедата свои, како квачка пилињата свои под крилја, но не сакавте“ – истакна папата Фрањо.
Некој кажал дека Бог се овоплотил за да може да плаче, го оплакува она што го направиле неговите деца. Плачот пред гробот на Лазар е плач за пријател. Ова пак е плач на Бог Отецот – рече Папата осврнувајќи се на параболата за таткото и блудниот син кој од таткото го бара наследството и заминува. „Тој татко не отишол кај своите соседи да им каже: „Видете што ми се случи! Што ми направи овој несреќник, ќе го проколнам…“ Тоа не го направил. Сигурен сум можеби отишол да плаче сам – додаде.
Зошто ова го кажувам? Затоа што Евангелието тоа не го кажува, кажува како од далечина го видел синот кој се враќа, а тоа значи дека секогаш се искачувал на тераса и гледа дали се враќа неговиот син. Секогаш плаче таткото кога чека синот да му се врати. Тоа е плач на Бог Отецот. Со тој плач Бог во својот Син го обновува сето создадено – рече Папата.
Папата се осврна и на моментот кога Исус со крстот влегува на Голгота: побожните жени кои плачат им вели да ги оплакуваат своите деца, а не него. Тој плач на татко и мајка Бог и денес го прави. Пред неволјите, пред војните кои се водат заради почитувањето на богот на парите, пред големиот број невини кои ги убиваат бомбите обожавателите на идолот на парите, Бог и денес плаче и денес вели: „Еусалиме, Ерусалиме, деца мои што правите?“ Тоа го вели и на кутрите жртви и на трговците со оружје и на сите кои го продаваат животот на луѓето. Би било добро да размислиме како нашиот Бог се овоплоти за да може да плаче и дека и денес плаче заради човештвото кое не може да го сфати мирот кој Тој го нуди мирот на љубовта – заврши Светиот Отец.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк