Сестрите Евхаристинки му го честитаа именденот на епископот Стојанов

Сестрите Евхаристинки му го честитаа именденот на епископот Стојанов

Во пресрет на празникот Свети Кирил и Методиј, Сестрите Евхаристинки од Провинцијата на Божјото Провидение во Македонија на чело со својата провинцијална настојателка с. Бернардина Сирачева му го честитаа именденот на Н.В.П. монс. Киро Стојанов, изразувајќи благодарност за грижата кон Општеството и повереното му стадо, посакувајќи му здравје, долг живот и успех во душпастирската дејност. Осигурувајќи му молитвена подршка ги молат неговите заштитници Светите Кирил и Методиј да го заговараат пред Господа Бога и Божјиот благослов да го прати во животот.

Епископот Стојанов се заблагодари на честитките, повикувајќи ги да се молат за него, за духовни звања и за потребите на Црквата.

Кон честитката се придружуваат и свештениците од Струмичко – скопската епархија, Скопска бискупија, како и редакцијата на Католици.мк, посакувајќи му на епископот Стојанов многаја и благаја лета во неговата пастирска служба.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот