На празникот Педесетница, 23 мај 2021 година папата Фрањо, пред молитвата Царице небесна на плоштадот Свети Петар, потсети дека Светиот Дух нè прави нови созданија, како што направи со апостолите на Педесетница, и нè става во комуникација со поинакви луѓе, остварувајќи го така единството и универзалноста на Црквата.
Да останеме во Црквата, Светиот Дух не обединува – поттикна Папата пред молитвата Царице небесна на плоштадот Свети Петар. Книгата Дела на Светите Апостоли ни пренесува што се случило во Ерусалим педесет дена по страдањето, смртта и воскресението на Исус (Дела 2, 1-11) – рече Папата и потсети: Учениците беа собрани во Салата за последна вечера и со нив беше Дева Марија. Воскреснатиот Господ им рече да останат во градот додека не го добијат дарот на Светиот Дух од горе. Ова се манифестираше со „шум“ која одеднаш дојде од небото, како „силен ветар“ што ја исполнуваше куќата во која се наоѓаа. Затоа, ова искуство е реално, но исто така и симболично.
Делата на Светите Апостолите откриваат дека Светиот Дух е како силен ветер – рече Светиот Отец и забележа: Не може да се контролира, запре, ниту измери, ниту може да се предвиди неговиот правец. Не ни дозволува да го ставаме во рамките на нашите човечки потреби, ниту во нашите модели и предрасуди. Светиот Дух произлегува од Бог Отецот и од неговиот Син Исус Христос и се излева врз Црквата, врз секој од нас, давајќи му живот на нашиот ум и срце. Како што вели Символот на верата, „Тој е Господ, која дава живот“.
На Педесетница, Исусовите ученици сè уште беа збунети и исплашени – рече папата Фрањо и продолжи: Сè уште немаа храброст да излезат надвор. И ние понекогаш претпочитаме да останеме во нашите ѕидови и опкружување, кое нè штити. Но, Господ знае како да допре до нас и да ја отвори вратата на нашето срце. Тој ни го испраќа Светиот Дух кој нè опфаќа и ги победува сите наши двоумења, ја руши нашата одбрана и ја отстранува нашата лажна безбедност. Светиот Дух нè прави нови созданија, како што направи тој ден со апостолите.
Откако го примија Светиот Дух, апостолите повеќе не беа како порано, туку излегоа и почнаа да проповедаат, секој ги разбирал на својот јазик, дека Исус воскресна и дека е Господ. Духот го менува срцето и го проширува погледот на учениците. Тоа ги прави способни да им кажат на сите, без ограничување, за големите дела на Бога, надминувајќи ги културните и религиозните граници во кои тие се навикнати да размислуваат и да живеат. Тоа им дава можност да допрат до другите, почитувајќи ја нивната способност да слушаат и разбираат, во културата и јазикот на секој од нив. Со други зборови, Светиот Дух им овозможува на различни луѓе да комуницираат едни со други, создавајќи на тој начин единство и универзалност на Црквата. Денес ја молиме Дева Марија, Мајка на Црквата, да посредува за нас за да може Светиот Дух да слезе во изобилство и да ги исполни срцата на верниците и во сите да го разгори огнот на неговата љубов – рече Папата на крајот.
Ватикан њуз/к.мк