Христијански корени: Европскиот парламент за прв пат поставува божиќна пештера

Христијански корени: Европскиот парламент за прв пат поставува божиќна пештера

Шпанската пратеничка во Европскиот парламент упорно се бореше за овој симбол на европските корени.

Изабел Бенхумеа, шпанска пратеничка во Европскиот парламент (ЕП), упорно се бореше да биде поставена Божиќна пештера во седиштето на Европскиот парламент за време на празничниот период. „Европа не може да се разбере без нејзините христијански корени“, вели таа, и поради оваа причина таа верува дека тоа е исплатлива битка. 

Благодарение на нејзината упорност, оваа година во седиштето на Европскиот парламент во Брисел ќе биде поставена Божиќна пештера, нешто што досега не се случило. И тоа не е било каква пештера. Избрана е рачно изработена божиќна пештера од Мурсија, Шпанија, од работилницата на мајсторот Хесус Грињан, кој веќе има поставено божиќни пештери на други места во Европа и во Азија.

Божиќната пештера ќе биде изложена до празникот Три цара на 6 јануари, според грегоријанскиот календар.

Мотивацијата на Бенхумеа

Изабел Бенџумеа е католик која ја живее својата вера. Во своето семејство таа отсекогаш имала „среќа“ интензивно да го живее Божиќ: „Уживањето во Рождеството Христово е многу убаво искуство што го имаме на Божиќ, од самиот момент кога почнува да се поставува божиќната пештера.

За неа Рождеството е „најубавиот начин да се проповеда Евангелието. Поставувањето сцени од Рождеството со прекрасни прикази на Детето Исус, Дева Марија и Свети Јосиф е најдобриот начин да им се претстави пораката на минувачите“.

Таа е свесна дека нејзината вера не треба да им се наметнува на другите. Затоа таа „со оваа иницијатива не сака да ја истакнува католичката вера докрај. Но, сепак ова воедно значи и одбрана на слободата на верата, нешто што е изоставено од институциите“.

Христијански корени

Европратеничката ги брани христијанските корени на Европа. „Ниту нејзината историја, ниту нејзината култура, ниту уметноста не можат да се разберат без христијанството. Не можеме да го разбереме ниту политичкиот проект на ЕУ без христијанскиот хуманизам, кој е извор на вдахновение за многу од основачите на европскиот проект, како Роберт Шуман“, вели таа.

Ова е причината за нејзината „посветеност“: таа сака луѓето да разберат „дека без христијанската вера ништо од ова не би постоело“. Таа исто така истакнува дека „најслободните, најтолерантни и најпросперитетни општества се општества со христијански корени“.

Првите одбивања

Но, таа мораше да се бори за да го постигне тоа. Најпрво контактирала со кабинетот на претседателот на Парламентот, кој три месеци подоцна и дал негативен одговор затоа што божиќната пештера ја оцениле за изложба со верска содржина која може да биде навредлива.

Потоа праша: „Дали е навредливо да се влезе во музејот Прадо и да се видат прекрасните дела на Фра Анџелико, Караваџо или Веласкез кога тие го изложуваат Благовештението, Обожувањето на царевите или Рождеството Рождество? Дали е навредливо да се потсетуваат Европејците дека на 25 декември она што се слави е раѓањето на Исус од Назарет? После тоа додава: таа додаде: „Оваа институција не може да падне во замка и да го смета за навредливо сеќавањето на она што го славиме на Божиќ, раѓањето на христијанството. Оваа институција не може да падне во замката што левицата постојано ни ја поставува, сакајќи да се чувствува навредена со реафирмирање на нешто толку едноставно како што историското наследство на Европа“.

Таа, исто така, рече дека ѝ било чудно што институцијат, која секој ден одбележува нешто и пречи само одбележувањето на Божиќ.

Значењето на Рождеството

Бенхумеа продолжи да се бори додека не успеа. Таа го брани својот став дека божиќната пештера и сцента на Христовото раѓање не е навредлива, како што до сега тврдеше Европскиот парламент. Всушност, таа тврди дека е сосема логично да се постави:

Како што се приближува Божиќ, сега во ова време на божиќен пост, во институцијата на европски граѓани каде што огромното мнозинство се декларира како христијани, треба да можеме да имаме потсетник со оваа пештера, со оваа претстава, за она што се слави на Божиќ, што е раѓањето на христијанството, раѓањето на Исус.

Поради оваа причина, самата европратеничка минатиот петок отиде да види како течат работите за поставување на божиќната пештера, за да се увери од прва рака дека ќе изгледа спектакуларно благодарение на истрајноста што ја покажа со оваа иницијатива.

Но, оваа европратеничка не беше сама во својата битка. Нејзината борба започна пред три години, во 2019 година, а ја имаше поддршката и од актуелната претседателка на самиот Парламент, Роберта Мецола, која е од Малта. Таа има поддршка и од лидерот на Шпанската народна партија во Европската комора, Долорс Монтсерат.

Цена

Секоја иницијатива има цена. Европскиот парламент нема да плати за божиќната пештера, туку сите шпански европратеници од Народната партија. Дополнително, сакаат тоа да стане традиција и да се воспостави и во наредните години.

Алатеија/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот