Христијанската вера е храбра и се раѓа од молитвата

Христијанската вера е храбра и се раѓа од молитвата

Вчерашното Еванелие според Марко ни зборуваше за оздравувањето на лепрозниот, а денес за оздравување на фатениот – потсети папата Фрањо на почетокот од својата проповед на светата Миса во домот Света Марта во петок 12 јануари 2018 година и додаде: Двајцата молат за оздравување, двајцата тоа го прават со вера, лепрознииот го бара Исус храбро велејќи: „Ако сакаш можеш да ме очистиш“. Одговорот на Господ е директен: Сакам. Сѐ е возможно за оној кој верува, учи Евангелието.

Кога се приближуваме до Господ за да бараме нешто – рече Папата – секогаш мораме да бидеме носени од верата и тоа се прави со вера. „Верувам дека можеш да ме излекуваш, верувам дека можеш да го направиш тоа“. Треба да се има храброст да се бара како што бара лепрозниот или фатениот за кого говори Еванелието од денешната Литургија. Треба да се моли со вера.

Евангелието нѐ поттикнува да се прашаме за сопствениот начин на молитва. Да не сме како „папгали“ или без „интерес“. Ако ништо друго, да го молиме Господ  барем да ни „помогне на нашата слаба вера“, да ни помогне кога сме во тешкотии – рече Папата. Имено има ногу евангелски настани кои зборуваат дека е тешо да се приближиме до Господ, тешко е тоа за оние во потреба и затоа случајот со фатениот служи како пример за сите нас. Него го спуштаат преку покривот, како би го ставиле пред Господ кој проповеда на големото мноштво. Волјата наоѓа решение и ги надминува тешкотиите – истакна папата Фрањо.

Треба да бидеме храбри и да се бориме за да дојдеме пред Господ. Треба да бидеме храбри и да веруваме: „Ако сакаш можеш да ме оздравиш. Ако сакаш, верувам…“ Мораме да бидеме храбри и да пристапиме пред Господ кога сме во тешкотии. Треба да имаме храброст. Често треба да се има стрпливост и да се знае да се сочека вистинското време и да не се откажуваме, секогаш да одиме напред. Ако со вера пристапуваме пред Господ и ако му кажеме: „Ако сакаш можеш да ми дадеш милост“ а потоа откако милоста на дојдела за три дена, започнуваме на тоа да забораваме, тоа е нешто друго.

Меѓу многуте светци кои биле многу храбри во верата, Светиот Отец ја спомна света Моника, мајката на свети Августин, која многу молела и многу плачела за преобраќање на својот син и успеала да го измоли тоа. Треба да се има храбост да се соочиме со Господ, храброст да се влезе во игра, и ако не го добиеме веднаш она што сме го барале, бидејќи во молитвата силно се игра, и ако молитвата не е храбра, не е христијанска – истакна Светиот Отец.

Христијанската вера се раѓа од верата во Исус и секогаш со вера ги надминува потешкотиите – рече папата Фрањо и поттикна: Како би заживеала во нашето срце, ќе ни помогне ако се присетиме на нашиот отец Авраам, на кој му е ветено дека ќе добие син во својата стота година. Апостолот Павле вели: „Поверува и затоа е оправдан“. Верувал и затоа појдел на пат. Треба да се верува и да направиме сѐ као би дојделе до онаа милост која ја бараме. Господ ни вели: „Барајте и ќе ви се даде“. Да се потпреме на тоа Слово и да имаме доверба, но секогаш со вера и да влеземе во таа игра. Тоа е храброста која ја има христијанската молитва. Ако молитвата не е храбра, не е христијанска –заврши папата Фрањо

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот