Убиен свештеник во Мексико

Убиен свештеник во Мексико

Овој трагичен настан ја потврди црната статистика според која Мексико е една од најопасните држави за црковните служители.

Отец Рубен Алкантар Дијаз, свештеник од мексиканскиот град Куаутитлан Искалиј, е избоден до смрт во црквата „Нашата Пресвета Богородица од Кармен“ во пресрет на вечерната света Литургија во четвртокот на 19 април 2018 година, извести бискупијата на спомнатиот мексикански град на својата интернет страница.

Локалните медиуми објавија дека 50 годишниот свештеник пред нападот се расправал со својот убиец, и дека расправата завршила со убиство по кое убиецот побегнал од местото на злосторството, но мотивите за убиството и понатаму се непознати.

Овој трагичен настан ја потврди црната статистика според која Мексико е една од најопасните држави за црковните служители.

Во последните шест години во Мексико се убиени 22 свештеници. Во септември 2016 година во период од само три дена се киднапирани и убиени три мексикански свештеници. Во мај минатата година еден мексикански свештеник е избоден за време на служењето на светата Литургија во катедралата во Мексико Сити, додека во февруари оваа година убиени се двајца католички свештеници.

Последната жртва о. Рубен Алкантар Дијаз кој го препорачуваме во вашите молитви.

Да се молиме за сите наши свештеници, монаси и монахињи кои делуваат во невозможни или опасни услови, за да им го навестат на луѓето Исус Христос и неговата Радосна вест!

Битно.нет/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот