(Видео) Телото на слугата Божји Карло Акутис зачувано од распаѓање

(Видео) Телото на слугата Божји Карло Акутис зачувано од распаѓање

Карло Акутис ќе биде прогласен за блажен

Гробот на момчето Карло Акутис е отворен во четврток 1 октомври 2020 година за јавно почитување пред да биде овој тинејџер прогласен за блажен, познат како „сајбер“ апостол на евхаристијата. Тој ќе биде прогласен за блажен на 10 октомври оваа година.

„Денес… повторно го гледаме неговото смртно тело. Тело кое поминало години по погребот во Асизи низ нормален процес на распаѓање, што е наследство на човечката состојба откако гревот го оддалечи од Бога, изворот на животот. Но ова смртно тело е предодредено за воскресение“ – рече надбискупот Доменико Сорентино од Асизи за време на светата Литургија, на која беше отворен и гробот на Карло Акутис.

Телото на овој тинејџер ќе биде достапно за поклонение во стаклената гробница до 17 октомври.

Мајката на Карло, Антонија Салцано, рече дека е воодушевена што гробот на Карло повторно е отворен, посебно затоа што многу верници од целиот свет ќе можат да го видат и да се помолат на посилен и подруг начин“ – рече таа.

Карло Акутис почина од леукемија во 2006 година на возраст од 15 години, бил познат по своите компјутерски вештини за програмирање и љубов кон евхаристијата и Пресвета Богордица.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот