Телеграма со сочувство од Папата по повод сообраќајната несреќа во Перу

Телеграма со сочувство од Папата по повод сообраќајната несреќа во Перу

На 23 февруари 2018 година папата Фрањо изрази сочувство по повод сообраќајната несреќа која се случи недалеку од градот Арекипа во Перу, каде што автобус излетал од патот и паднал во провалија длабока 80 метри.

Во несреќата загинаа повеќе од 40 патници, а десетина се поврдени. Во телеграмата со сочувство, која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Паролин, Светиот Отец на погодените од несреќата им ја искажа својата близина во овие тешки моменти на болка, ветувајќи им ги своите молитви.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот