Дваесетина децата од веронаучната група на парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица на 18 октомври 2017 година, заедно со свештениците и присутните верници се приклучија на меѓународната молитвена иницијатива „Милион деца молат за мир“. Оваа молитвена иницијатива се состои од молење на Света Бројаница, која децата ја молеа наизменично, при што на секоја молитва во црквата пред иконостасот поставуваа свеќи, кои на крајот формираа Света Бројаница од запалени свеќи.
Иницијативата „Милион деца молат Света Бројаница“ започна во Венецуела, инспирирана од зборовите на свети паде Пио: „Кога еден милион деца ќе молат света Бројаница, светот ќе се промени.“ Одржувањето на молитвата е предвидено секоја година на 18 октомври, а парохијата Свети Иван Крстител – Струмица од своето основање е дел од оваа меѓународна молитвена иницијатива, поттикната од Папското дело „Црква во неволја“.