На средбата со свештениците нивните семејства и богопосветените лица папата Фрањо три сведоштва, а потоа се обрати до присутните.
Последната средба предвидена во рамките на апостолската посета на Република Северна Македонија папата Фрањо ја одржа со свештениците нивните семејства и богопосветените лица, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.
По пристигнувањето во катедралата Светиот Отец беше пречекан од две сестри Евхаристинки кои му подарија цвеќе кое Папата го положи пред табернакулот каде се задржа во кратка молитва.
На почетокот од средбата епископот Стојанов го поздрави Светиот Отец со следните зборови:
„Свети Оче, од апостолски времиња, на овие географски простори, до денес одекнува навестувањето на Христовата радосна вест на Спасението. Од онаа благословена ноќ кога Апостолот на Народите, св. Павле, имал видение и кога му се укажува некој Македонец (спр. Дела 16,9), христијанската Радосна вест поминала во Европа. Од тоа време како да го слушаме гласот на навестителот на радосната вест св. ап. Павле. Тој глас одекнува двеилјади години во историјата на христијанството. Тука е како сеуште да одиме по стапките на светите браќа Кирил и Методиј, кои минувајќи низ долината на Вардар патуваат на пат кон Моравија. Можеби тие застанале во античката метропола Стоби, чиишто архиолошки ископини сеуште сведочат за силното и важно христијанско седиште. Секако, учениците на Св. Браќа, св. Климент и Наум, и нивните придружници продолжиле од овие места да ги евангелизираат Словените. Црквата на овие простори ја пишува својата историја како една, света, католичка, апостолска но и маченичка и прогонувана Црква, често во окови. Во бурните времиња секогаш сме живееле – а и сега живееме – во просторот на средби и допир меѓу Истокот и Западот, на ветерницата на трите традиции на Источното и Западното христијанство со светот на Исламот. Се обидуваме да ја живееме цивилизацијата на мирот, соживотот и градењето на Општество за општо добро на сите во оваа Земја.
Вашето доаѓање, Свети Оче, е благослов за нашата мала помесна Црква: колку за римскиот – западен, толку и за византискиот – источен обред, во својство на почитуваните: Скопска бискупија и Епархијата „Успение на Пресвета Богородица во Струмица-Скопје“. Денес во Македонија живеат и дејствуваат сестрите Евхаристинки, кои своето седиште го имаат овде; Ќерки на Милосрдието на св. Винко, сестрите Усмиљинки; сестрите Мисионерки на љубовта на св. Мајка Тереза, Движењето на Марииното дело – женскиот фоколар и Неокатекуменскиот пат.
Често нѐ поттикнувате и охрабрувате, велејќи дека имаме право да сонуваме. Да, треба да знаеме да сонуваме, да гледаме во неверојатната иднина, која Бог ни ја подготвува.
Ве молам, Ваша Светост, да се обидете да ја доживеете оваа наша средба, како апостол Павле, во таа одредена визија на Македонецот кој го преколнува: „Дојди во Македонија и помогни ни“ (Дела 16,9). Имаме потреба од Вашите охрабрувачки зборови. Треба да растиме во квалитетот на живеење без комплекс на помала вредност, чувствуввајќи се малобројна заедница. Треба од Вас да ги слушнеме Исусовите зборови: „Не бој се, мало стадо“ (Лк 12,32). Овој пат, и ние сонуваме дека Петар во Вашата личност дојде да ни помогне. Каква среќа, ова не е сон, туку реалнсот! Ве поздрвувам овде како Петров наследник, како Апостол кој претседава во љубов со сите цркви, како гласник на мирот и Радосната вест, еднаш утврдени, засекогаш утврдувајте не во верата…
Ви благодарам, Свети Оче, зашто имавте визија и слух за најмалите и за оние на периферијата.
Нека Вашата посета биде благословена и ја ставаме под заштита на нашата голема сограѓанка, Света Мајка Тереза, што Вие ја воведовте во хорот на светиите на Католичката црква и ја ставивте како пример на сите оние кои со искрено срце го љубат Бога и човекот.“
Потоа следуваше сведоштвото на отец Гоце Костов свештеник на Струмичко- Скопска епархија, свештеник од источен обред заедно со сопругата Габриела Костова и четири сина. Свети Оче, дозволите накратко да ви се претставам. Јас сум о. Гоце Костов, свештеник сум на Струмичко – скопската епархија, од источен византиски обред. Оженет сум со Габриела Костова.
Потоа неговата сопруга продолжи: Како сопруга на свештеник ги делам со него сите заеднички радости и грижи. Животот ни донесе големи радости. Во нашиот брак имаме четри машки деца. Филип (15), Благој (13), Лука (9), Иван (1). Но и моменти на тага. Имаме едно женско дете, кое четиринаесет дена после раѓањето се пресели кај Господ и веќе четиринаесет години е во небото. Во тие тешки моменти преку заедничката семејна молитва, имавме милост да ја потврдиме нашата вера во Божјата големина и неговото присуство. Tој ни даде утеха и надеж, кога ни беше најпотребно. Преку таа конкретна милосна ситуација Бог уште повеќе не зацврсти и просветли за вредноста на животот и дека децата се голем дар од Бога.
Споделувајќи го своето сведоштво, о. Костов рече: Како свештеник, Бог ми даде таква милост за да можам да го почуствувам телесното татковство, во моето семејство, а истовремено духовното татковство, во доверената парохија. Искусувам дека тие две работи се комплементарни и едно со друго се надополнуваат. Она нежност, љубов, трпеливост, и милост кон семејството, посебно кон децата, кога се рефлектира и во парохијата носи плодови. Искуството на верата од верниците понекогаш нудат одговори и на најскокриените прашања и проблеми со кои се соочува понекогаш семејството, а на кои немаме бланко решение. И така чекориме заедно во верата помагајќи си еден на друг.
Семејниот живот на свештеникот е посебно орудие во пасторалната работа. Многу сум благодарен на Господ за моето семејство кое ми помага во пасторалната работа, во односите со луѓето, со младите, со децата. Без нив таа би била многу посиромашна. Благодарение на нив, нашиот дом е широко отворен за сите, за средби, за разговори… Семејството на свештеникот знае да биде мост до срцата на луѓето, до кои свештеникот не секогаш може да допре. Но сопругата, децата, со нивната едноставност тоа понекогаш подобро знаат да го направат од свештеникот.
На крајот најстариот син Филип Костов го замоли Светиот Отец за благослов со зборовите: Свети Оче, ве молиме за благослов на нашето семејство, но и за сите семејства, посебно оние кои се во најголема потреба.
Еден од синовите на Светиот Отец му подари книга со цртежи кои ги изработија деца од повеќе парохии, а потоа Светиот Отецот го благослови семејството.
Дон Давор Топиќ, свештеник од латински обред сведочејќи рече: Свети Оче, јас сум Давор Топиќ, свештеник на Сараевската надбискупија и сега сум парох тука во Скопје. Доаѓам од традиционално христијанско семејство, но покрај одушевувањето за мојот повик за свештенство и подготвеноста да одговорам на него, во моите студентски денови често чувствував страв. Преку новата стварност на Црквата видов надеж, затоа што во мојот живот ја доживеав победата на Исус Христос со помош на заедницата на Неокатекуменскиот пат.
Три години бев личен секретар на Врхбосанскиот надбискуп кардиналот Винко Пуљиќ во Сараево, што за мене беше период на милости. Но во моето срце почнав да го чувствувам искушението на кариеризмот. Во мојата заедница Бог ме просветлуваше и ми помагаше, па така во 2013 година силно ме поттикнаа Вашите зборови – почувствував како мене лично да ми ги говорите: повикан си да се фрлиш на патот на верата, борбата, да оставиш сѐ и како Авраам да тргнеш на пат… нов однос со Бог кој ветува нови хоризонти.
Во митрополијата имаше повик за свештеник кој би заминал на мисија во Скопје, но немаше никаков одговор. Тогаш почнав да размислувам – не е ли тоа можеби повик за мене. Помогнат од Божјата милост и со поддршка на мојот надбискуп, почувствував дека јас сум повикан да се ставам на располагање.
Првите денови во Скопје чувствував носталгија. Една вечер кога доживував криза, го повикав Бога. Ја отворив Библијата и мојот прст застана на зборовите од Второто Послание на Коринтјаните осмо поглавје кое говори за „Солидарноста со Црквата во Македонија“. Бев радосен зашто Бог беше конкретен и ја потврди оваа мисија.
И во овој град сме сведоци на предизвиците кои денес ги живее целиот свет: секуларизам, млади кои се оддалечени од Црквата, бракови со личности кои не се верници, политичка несигурност… како парох чувствувам дека не е доволно да чекам во парохиската канцеларија, денешниот човек има потреба од средба… не е доволен само пасторал на Светите таинства, потребен е и евангелизациски пасторал. Ви благодарам што неуморно нѐ охрабрувате да бидеме жива, динамична, осведочена Црква која е во движење и која е пратена на сите да им ја сведочи бесплатната Божја љубов!
Свет Оче, охрабрете нѐ!
Потоа пред присутните свештеници нивните семејства и богопосветени сестра Стефанија Ѓорѓиева сестра евхаристинска рече: Свети Оче, чувствуваме голема радост и благодарност за Вашата татковска грижа да нѐ посетите, охрабрите, и зацврстите, нас, кои сме малобројни, но, сепак, сме дел од големото семејство на Католичката Црква. Ви посакуваме топло добредојде.
Свети Оче, ние сме Сестри Евхаристинки, единствена македонска монашка заедница од Византиски обред, а основана од отец Јосиф Алоати- лазарист и неговата родена сестра, Еврозија Алоати во 1889 година во Солун. Нашите основачи ја оставаат својата Татковина – Италија и доаѓаат овде да работат меѓу нашиот народ.
Нашата харизма е да работиме т.е. да се грижиме за Напуштениот Исус во Црквата и душите, попрецизно да се грижиме за Светата Евхаристија и за светите тајни, да работиме на полето на екуменизмот, да се грижиме за ранетиот Исус во душа и тело, попрецизно за сиромашните и болните.
И така, иако сме малубројни, по две или три во секоја куќа, како и апостолите се трудиме да одговориме на нашиот позив.
Уште еднаш Ви благодариме Свети Оче и го молиме Вашиот благослов за нашата Заедница.
Папата Фрањо се обрати до сите присутни епископи, свештеници, нивните семејства и богопосветени лица и во оваа прилика го пренесуваме неговото обраќање во целост: Драги браќа и сестри, Ви благодарам за приликата со која ми овозможивте да можам да ве сретнам. Со особена благодарност го живеам овој момент во кој можам да ја видам Црквата како во целост дише со своите две плучи – односно заедно двата обреда – латинскиот и византискиот – исполнувајќи се со дух секогаш нов и обновувачки на Светиот Дух. Двете бели дробови толку непходни, кои еден со друг се надополнуваат, кои си помагаат подобро да се вкуси Господовата убавина (види Посл. ап. Evangelii gaudium, 116). Оддаваме благодарност за можноста да дишиме заедно, со целосна плуча, колку е добар Господ со нас.
Ви благодарам за вашите сведоштва, на што би сакал да се навратам. Начнавте на фактот дека сте малку и дека сте во опасност на изложеност пред комплексот на инфериорност. Додека ве слушав, ми дојде сликата на Марија, која земајќи чисто скапоцено нардово миро, ги помаза нозете Исусови и ги избриша со својата коса. Евангелистот го завршува опишувањето на таа сцена велејќи: „куќата се исполни со мирис од мирото“ (Ив.12,3). Овој нард беше во состојба да впие сѐ и да остави неизбришлив белег.
Во многу ситуации слушаме дека е потребно да се прават пресметки: почнуваме да гледаме колку сме… и сме малку; средствата кои ги имаме … и се малку; потоа ги гледаме домовите и работите кои треба да ги поддржиме … и се многу… Можеме да продолжиме да ги набројуваме многубројните реалности во кои ја доживуваме несигурноста на ресурсите кои ги имаме на располагање за да го извршиме мисионерскиот мандат кој ни е доверен. Кога се случува ова ни се чини дека буџетот е „во црвено“.
Вистина е дека Господ рече: ако сакаш да соѕидаш кула, најпрвин направи пресметка колку сето тоа чини: „да не почнат сите што гледаат, да ти (му) се смеат, откако ги постави темелите не може да доврши“ (Лк.14,29). Но да „се прават пресметки“ може да не воведе во искушение да почнеме премногу да гледаме на самите себе, и потпрени на нашите реалности и беди може да не снајде она што се случи со учениците од Емаус, прогласувајќи ја керигмата со усните додека нашето срце се затвора во молк, кој се карактеризира со суптилна фрустрација, која не ограничува во слушањето на Оној кој оди покрај нас и е извор на радост и среќа.
Браќа, да „се прават пресметки“ е секогаш потребно кога може да ни помогне да откриеме и да се доближиме на многу животи и ситуации кои секој ден се трудат да сврзат крај со крај; фамилии кои не успеваат да одат напред, лица старци и осамени, болни врзани со креветот, млади тажни и без иднина, сиромашни луѓе кои не потсетуваат на тоа кои сме: Црква на питачи кои имаат потреба од Господовата милост. Легално е да „се прават пресметки“ само ако тоа ни дозволува да се ставиме во служба за да станеме солидарни, внимателни, разбирливи и загрижени во сочувството на заморот и несигурност во која се наоѓаат толку многу наши браќа, кои имаат потреба од Елеопомазание кое ќе ги покрене и исцелува во нивната надеж.
Легитимно е да се прават пресметки и да се каже силно и измоли со нашиот народ: “Дојди Господи Исусе!”
Не би сакал да го злоупотребам нејзиниот лик, но оваа земја знаеше да му поклони на светот и на Црквата, во Мајка Тереза, токму еден конкретен знак како несигурноста на една личност, миропомазана од Господ, беше во можност да впие сѐ кога мирисот на блаженствата се рашири над уморните нозе на нашето човештво. Колкумина беа смирени од нежноста на нејзиниот поглед, утешени од нејзината милост, ослободени од нејзината надеж и нахранети од храброста на нејзината вера способна да даде чувство на најзаборавените дека не се заборавени од Бог! Историјата ја пишуваат оние личности кои немат страв својот живот да го потрошат за љубовта: секој пат кога ќе го направите тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле (види Мт. 25,40). Колку мудрост содржат зборовите на Света Тереза Бенедета од Крстот кога потврдува: „Дефинитивно одлучувачки настани од историјата на светот се суштински под влијание на души (лица) за кои ништо не се пишува во историските книги. Тоа се душите на кои треба да им заблагодариме за настаните клучни во нашиот личен живот, тоа е нешто кое ќе го дознаеме само во денот кога окултните нешта ќе бидат откриени.“[1]Секако, често негуваме фантазии без ограничувања мислејќи дека нештата би биле различни ако ние сме јаки, моќни и влијателни. Но, дали тајната на нашата сила, моќ и влијание, па дури и на младоста, не лежи на друга страна, а не во фактот на”порамнување сметки”? Ве прашувам ова, зашто ме погоди сведочењето на Давор кога го сподели со нас она што му сигнализираше неговото срце. Давор ти беше многу јасен: тоа што те спасило од кариеризмот било твоето враќање кон првичното звање, и да отидеш да го бараш Господ воскреснатиот таму кај што може да се сретне. Си тргнал, оставајќи ги сигурностите за да можеш да пешачиш по улиците и плоштадите на овој град; чувствувајќи дека се обновува твојот повик и твојот живот; слегувајќи во секојдневниот живот на твоите браќа споделувајќи и помазувајќи го мирисот на Светиот Дух, твоето свештеничко срце повторно почна да чука со полн интензитет.
Си се приближил да ги помазиш уморните нозе на Учителот, уморните нозе на конкретните личности, таму кај што се, Господ те чекаше повторно да те помаза во твоето звање. Многу пати ги трошиме нашите сили и залихи, нашите состаноци, дискусии и распореди за одржување на пристапи, ритми, перспективи кои не само што не возбудуваат никого, но и кои се неспособни да донесат барем малку од евангелската арома која е способна да утеши и отвори пат на надеж, и нѐ лишуваат од личната средба со другите. Колку се правични зборовите на Мајка Тереза: “Она што не ми треба, ми тежи”![2] Да ги оставиме сите товари кои не разделуваат од мисијата и го задушуваат мирисот на милосрдието да стигне до лицето на браќата. Чистото скапоцено нардово миро беше во состојба да впие се и да остави неизбришлив белег.
Да не се лишиме од најдоброто на нашето послание, да не го гасиме чукањето на духот.
Ви благодарам вам, Отец Гоце и Габриела, и на вашите деца Филип, Благој, Лука и Иван, што ги споделивте со нас вашите радости и загрижености на службата и од фамилијарниот живот. Исто така и на тајната да се оди напред во тешките моменти кои требаше да ги поминете.
Вашето сведоштво ја има она „евангелска арома“ на првите заедници. Сакам да се присетиме дека во Новиот Завет се зборува за „Црквата која се состанува по домовите“ (цфр 1 Кор 16,19; Рим 16,5; Кол 4,15; Филимон 2). Животниот простор на една фамилија може да се трансформира во домашна црква, во седиште на Евхаристијата, во Христово присуство кој е седнат на истата менза. Незаборавна е сцената насликана во Одкровение (Апокалипса): Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене. (Откровение 3,20). „Така се оцртува куќата која во својата внатрешност го носи присуството на Бога, заедничката молитва и со тоа благословот на Господ” (Amoris laetitia, 15). Така давате живо сведоштво „дека верата не се оддалечува од светот, туку се воведува длабоко во него“ (исто 181). Не тргнувајќи од она што ние би сакале да биде, не како „совршени“ или беспрекорни, туку во неизвесноста на нашите животи, на нашите семејства помазани секој ден во довербата на безусловната љубов која Бог ја има кон нас. Доверба која ни носи, како што убаво подвлече ти Отец Гоце, да развиеме некои токлку важни димензии, а така заборавени во општеството носено со ладни и површни односи: размерите на нежност, трпеливост и сочувство кон другите.
Ми се допаѓа секогаш размислувањето за секоја фамилија како „икона на семејството од Назарет со сето нејзино секојдневие составено од замор па дури до кошмари, како кога мораше да страда од неразбирливите насилства на Ирод, искуства кои трагично се повторуваат уште и денес на толку семејства на бегалци (емигранти) бедни и изгладнети“ (исто 30). Тие се способни, преку верата која ја имат акумулирано во секојдневната борба, да „претворат пештера на животни во дом на Исус, со некои сиромашни групи и една планина на нежност“ (Evangelii gaudium, 286).
Ви благодариме што ни го покажавте познатото Божје лице кое никогаш не престанува да не изненадува среде трпезата.
Драги браќа, уште еднаш ви благодарам за ова црковна прилика и можноста да се диши со полни белодробни крила. Да го молиме Духот да не престане во нашето обновување во посланието со доверба да знаеме дека Он сака да исполни сѐ со своето присуство.
На крајот од средбата со свештениците, нивните семејства и богопосветените лица, Папата го благослови камен темелникот за светилиштето „Свети Павле“ во Паљурци.
[1] Verborgenes Leben und Epiphanie: GW XI, 145.
[2] A. Comastri, Madre Teresa. Una goccia di acqua pulita, 39.