Светиот Престол со „шок и тага“ ја прими веста за катастрофалниот пожар на катедралата Нотр Дам во Париз, симбол на христијанството во Европа и светот, изјави во понеделник вечерта, 15 април 2019 година, привремениот директор на Канцеларијата за печат при Свeтиот Престол, Алесандро Џизоти. Тој искажа близина со француските католици и сите жители на Париз. Да молиме за пожарникарите и сите кои учествуваат во надминување на драматичната ситуација – рече Џизоти.
По осумчасовната огнена стихија, во 3 часот наутро е ставен под контрола пожарот во катедралата Нотр Дам, јави противпожарната служба на Париз.
Огнот кој изубна во понеделник вечерта околу 18.50 часот брзо се прошири, изгоре главната кула, која потоа се урна, а набрзи и целиот покрив.
Париските пожарникари соопштија дека по неколкучасовно гасење на пожарот во катедралата Нотр Дам успеале да ја сочуваат конструкцијата на оваа градба во целост. Исто така спасени се и вредните уметнички дела.
Ватикан њуз/к.мк