Сочуство на Папата за падот на авионот во Казахстан

Сочуство на Папата за падот на авионот во Казахстан

Авионот Фокер 100 при полетувањето започнал да ја губи висината, ја урнал бетонската ограда и удрил во една зграда, јавува казахстанскиот Одбор за цивилно воздухоплоство. Папата Фрањо изрази сочуство и ја гарантира својата молитава за жртвите, нивните семејства и за тимовите за спасување

Примајќи ја тажната вест за авионската несреќа која се случи во близина на Алмати во Казахстан, Неговата Светост папата Фрањо искажа сочуство до сите оние кои се погодени од таа трагедија. Посебно се моли за вечен мир на покојните и за оздравување на ранетите. На сите, а посебно на оние кои учествуваат во спасување и извлекување на настраданите, Светиот Отец моли за сила и мир од Семоќниот Бог – стои во пораката на папата Фрањо, која ја потпиша државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, упатена по повод авиноската несреќа на казахстанската авиокомпанија Бек Аир, кој се сруши веднаш по полетувањето кон Нур Султан, поранешена Астана, главниот град на Казахстан.

Во авионот имало 93 патници и пет членови на екипажот. Според распложивите инфорамции има најмалку 15 загинати. Повредени се 66 лица, од кои некои се во многу тешка состојба. Казахстанскиот претседател Касим Јомарт Токаев вети надосмест на семејствата на жртвите и одреди национален ден на жалост.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот