Сочувство на Папата за автобуската несреќа во која загинаа туристи од Македонија

Сочувство на Папата за автобуската несреќа во која загинаа туристи од Македонија

На 24 ноември 2021 година Светиот Отец упати телеграма со сочувство до претседателот на Македонија г-дин Стево Пендаровски по повод автобуската несреќа во која загинаа 46 патници, а повеќе лица се повредени.

„Длабоко тажен поради веста за загубените животи и повредените предизвикани од фаталната автобуска несреќа во Бугарија, Неговата Светост, папата Фрањо ја изразува својата искрена солидарност со сите погодени од оваа трагедија“, се вели во телеграмата на кардиналот Пиетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол, во името на Светиот Отец, испратена до претседателот на Македонија Стево Пенаровски.

Сеќавајќи се посебно на загинатите деца, Папата ги доверува душите на починатите на милоста на Семоќниот Бог и ги вети своите молитви за ужалените семејства и повредените

Завршувајќи ја телеграмата, Папата моли Божји благослови за утеха и мир на сите, посебно во ова време на национална жалост – стои во телграмата упатена од папата Фрањо.

Ноќта меѓу 22 и 23 ноември 2021 година, на автопатот Струма во Бугарија, автобус кој сообраќал од Турција кон Македонија се запали на автопатот на околу 40 километри јужно од главниот град Софија. Во најтешката несреќа во Европа во последните години загинаа 46 лица, меѓу кои 12 деца. Седум патници преживеале со тешки изгореници. Најголем дел од жртвите се од Македонија, има и еден Белгиец и еден Србин.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот