Вториот ден од Божиќ го славиме Соборот на Пресвета Богородица – Светото Семејство: на Пресветавета Богородица, Исус и свети Јосиф. Соодветно е Светото Семејство да се слави во божиќното време. Бидејќи Божиќ е семеен празник.
Главната порака за Божиќ е: Исус да биде прифатен. На сите оние кои го примија им даде сила да станат деца Божји. Тоа што е основно во секое семејство е взаемното прифаќање. Неопходно е взаемно да се прифаќаме и едни на други да се ставаме на располаѓање. Кој тоа го може и го прави, тој ја остварува Божиќната порака.
На тој начин Божиќ ни помага подобро да го разбереме семејството. Божиќ ни дава сила за во семејствата едни со други да се прифаќаме, бидејќи и Бог нас не прифатил во Христос. Семејството нас нѐ учи меѓусебно да се прифаќаме, да го запознаеме законот на животот и да се ставаме на располаѓање на другите. Семејниот живот е всушност согледување на Божјиот живот. Единствениот пат да го сочуваме нашето семејство е љубовта, разбирањето, милосрдието и апсолутната добрина.
Семејството е непресушен извор на светоста, љубовта и животот – првото и најголемо училиште за животот. Тоа било и останало главна и најважна задача во животот. Семејството е почеток, извор и корен на човечкото општество, на Црквата и на татковината. Судбината на нашата Црква и татковина зависи од ситуацијата на семејниот живот. Најважното во човекот се градело, се гради и ќе се гради во семејството.
Најдлабоките радости и најтешките таги ни ги дава животот во семејството. Во семејството се живее најдлабокиот суштински дел од нашиот живот. Едноставно, без семејството, незамислив е вистинскиот човечки живот. Бог нас нѐ среќава во семејниот живот.
Бог – бескрајната љубов – го замислил семејството како мал агол од рајот во оваа долина на плачот. Самиот Бог се овоплотил – станал човек во назаретското семејство. Дојде кај нас за да ја претвори оваа земја во рај, а сите луѓе во едно големо Божјо семејство. Затоа сите во Исуса сме браќа и сестри, деца на небесниот Отец. Семејството е светилиште и огниште на љубовта. Мора да го чуваме.
Кризата која ги зафатила сите подрачја на животот, го зафати посебно и семејството. Така велиме дека за семејството дошло тешко и судбоносно време. Семејството е толку многу вознемирено и загрозено што тешко е да се најде лек. Секое четврто, трето, а веќе речиси и секое второ семејство се распаѓа. Сѐ помалку е присутна љубовта и среќата, верноста и радоста.
Семејството сѐ повеќе го разорува и го уништува неверството и развратот, разводите и абортусите. Многу деца се зависни од дрога, алкохол и други пороци. Весниците, разните списанија, телевизорите на големо го поттикнуваат пропаѓањето на семејството и ги убиваат семејната атмосфера и дух.
Секој ден слушаме како се жалиме едни на други: семејствата станаа несреќни, болни, ранети, во криза се и се распаѓаат. Никој никого не слуша, а уште малку го почитува. Секој мисли дека тој е најпаметен. Родителите за сѐ ги обвинуваат децата, децата постојано се жалат на родителите. Старите и младите никако не се разбираат, постојано се во „студена војна“. Со тоа ништо не се решава. Напротив проблемот станува сѐ поголем и потежок.
Зошто семејството западна во криза и зошто дојде оваа болест? Затоа што семејствата го изгубија Исус Христос. Тој е темел и столб на секое семејство. Изгубен е Божјиот Дух, подготвеноста за пожртвуваност, за самоодрекување. Верата ослабнува, а кај некој потполно исчезнала. Молитвата згаснала. Христовата Црква е загрижена за семејството и нѐ повикува да се вратиме кон Бога.
Тајната на семејната среќа се состои во почитувањето на Бога и неговите заповеди. Да го внесеме во семејството Христовото Евангелие и неговиот Дух. Преку Безгрешното Срце Мариино да се посветиме на Исусовото Срце.
Да не мислиме дека среќата во семејството и иднината на децата е обезбедена таму каде што во куќата влегуваат доволно пари. Да не мислиме дека среќата во семејството е обезбедена со тоа што во куќата е внесен нов мебел. Сето тоа може да биде корисно, но не доволно за да те заштити од неслогата и бедотијата.
Понекогаш децата се товар, жртва, страдање, но и среќа. Навистина тие се среќа овде на земјата и тие ќе биде вратари кои ќе го отворат небото и патот кон вечната среќа доколку се примаат од Божјите раце и се воспитуваат за Бога. Сите пари кои се заработуваат на земјата, сите дела кои се создаваат, сите куќи кои се градат, сето она што се набавува и се внесува во куќите, сето тоа времето ќе го однесе, но она што постојано ќе нѐ прави среќни и задоволни е меѓусебната слога и правилното воспитување на децата. Доколку тоа го нема, сето останато не вреди ништо.
И младите се повикани да ги сакаат и почитуват постарите, секогаш да бидат љубезни со нив, внимателно да ги слушаат што зборуваат, дури и да повторуваат по сто пати.
Постојано да им бидеш благодарен, значи да погледнеш преку нивние слабости, недостатоци и неспособности.
Од короист е да се слушаат нивните совети и да не се презира нивното искуство.
Се исплаќа да се грижите за нив и да ги негувате кога се болни. За тоа тие се заслужни. За пофалба е кога им се помага кога секогаш имаат потреба од тоа. Да се посетуваат, доколку се оддалечени! Да се има малку време за нив. Заедничката молитва во семејството нека биде онаа Божја роса која ќе го изгаси незадоволството, неслогата…
Светото семејство нѐ учи дека среќата е во духовното богатство.
Фра Петар Љубичиќ/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк