Есента 2020 година ќе се одржи XVI. редовна Епископска синода. Папата тоа го одлучи на состанокот со Генералниот секретаријат на Епископската синода, при што му се презентирани три можни теми.
Следната редовна Епископска синода е закажана за есента 2022 година, како би се овозможило што поголемо присуство на целата Црква во подготовките и одржувањето. Одлучено е папата Фрањо, претседавајќи на 6 февруари со попладневното заседание на првиот состанок од XV редовен совет на Генералниот секретаријат на Епископската синода – објави секретаријатот.
Теми на дневниот ред
Заседанието на советот е организирано со цел на Светиот Отец да му се предложат можни теми и како би се разгледале други содржини, како што е направено после синодата за младите во 2018 година, како и одекот од Апостолскиот поттик ‘Christus vivit’.
Грижа за мигрантите
На Папата му се претставени три можни теми кои ги прифати како можност за конечна одлука за тема на синодата – стои во соопштението од Секретаријатот. За време на спомната попладневната расправа се покажа и потребата итно да се изрази солидарност со браќата и сестрите кои се принудени да емигрираат.
Резултати од советувањето
На почетокот од состанокот Генералниот секретар, кардинал Лоренцо Балдизери, извести дека по именувањето на кардинал Луис Антонио Тагле за префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите, за нов член на Редовниот совет е именуван кардинал Јосеф Коутс, надбискуп во Карачи, Пакистан. Тој синодски отец од Азија доби најмногу гласови – стои во соопштението.
Потоа кардинал Балдизери ги прикажа резултатите од советувањата за темите предложени за следната синода, откако во 2019 година, беа вклучени и епископските конференции, Синодата на католичките Источни Цркви sui iuris, дикастериите на Римската курија и Унијата на Генерални поглавари. Ден после тоа, кардинал Кевин Јосеф Фарел, префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, говореше за постсинодските активности кои Одделот за млади ги прави, како би поттикнал примена на Апостолскиот поттик ‘Christus vivit’.
Ватикан њуз/к.мк