Скопје: Прославен Денот на богопосветените лица

Скопје: Прославен Денот на богопосветените лица

На празникот Сретение Господово – Свеќници, според грегоријанскиот календар, 2 февруари 2026 година, во просториите на катедралната парохија „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа духовна средба по повод Денот на богопосветните лица. На средбата покрај бискупот Стојанов присустувааа свештеници од Скопска бискупија и Струмичко- скопска епархија, чесните Сестри Евхаристинки, сестрите Усмиленки, сестрите Мисионерки на љубовта и Фоколарините.

На почетокот бискупот Стојанов ги поздрави присутните, благодарејќи им за нивното присуство, воедно честитајќи им го денот на лицата посветени на Бога. Пригодно предавање одржа дон Томаш Бак, парох во Куманово и Битола.

Потоа следуваше Обожавање на светата Причест, со можност за света Исповед.

Светата Литургија ја предводеше монсињор Стојанов, кој во својата проповед се осврна на богопосветниот живот, и литургиские читања.

Средбата заврши со агапе и време поминато во разговор и заедништво.

к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот