Сестра Еврозија: Ние сме невести на Исус Кој посака да биде сиромав

Сестра Еврозија: Ние сме невести на Исус Кој посака да биде сиромав

По примерот на благиот наш Исус кој низ својот земен живот ја сакал и ја практикувал до совршеноство добродетелта на сиромаштвото поучувајќи: Блажени се сиромасите по дух зашто нивно е Царството небесно, нашата добра сестра Марија Христина Исусова, исто така сакала на дело да ја спроведува преку својот посветен живот, оваа убава добродетел.

„Не треба да заборавиме дека давајќи го заветот на сиромаштво, ние доброволно сме станале сиромашни. Значи, да благодариме, кога имаме можност да почувствуваме недостиг и да ги поднесуваме со трпеливост сите понижувања кои ќе нѐ снајдат – тие се дел на сиромашните. Да не бараме ништо повеќе од тоа што го имаме. Ние сме невести на Исус Кој посака да биде сиромав. Навистина, голем срам би било, за онаа невеста, која би сакала да биде богата, додека нејзиниот младоженец е сиромав.“

„За неа беше вистинска наслада кога можеше да се лиши од нешто, зашто, како што сама ни кажуваше, само тогаш можеше да се почувствува и да се нарече ќерка и невеста Исусова. Човекот може лесно да Го благословува, да Го следи и да Му благодари на Господа, кога Тој штедро го опсипува со своите добрини и му ги дава сите задоволства во животот. Ние кои сме ја добиле од Бога неискажаната чест да бидеме Негови ќерки и невести, ние сме должни да Му благодариме секогаш кога ќе имаме можност да направиме нешто што нѐ прави слични на нашиот небесен младоженец.“

А тогаш ја гледавме вистински благородна и радосна иако, во својот џеб, немаше ниту денарче, зошто според неа – напразно не се нарекуваме Невести и следбенички на Христа.

Немаше беседа во која таа не ни зборуваше и не ни ја препорачуваше оваа добродетел.

(текстот е извадок од книгата Животот на Еврозија Алоати сестра Марија Христина Исусова од Отец Јосиф Алоати свештеник од мисијата на отците Лазаристи)

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот