Дваесет и седми ден: Душа затвореничка со Пресветото Срце
Колку среќна судбина е да се биде заробен од Исусовата љубов! Остани тесно соединет со Божественото Срце и земи ја за пример светата Евхаристија, во која и Исус е Затвореник на љубовта.
Гледај Го: како Затвореник, тивок, напуштен, послушен, сиромашен и, пред сè, жртвуван. При посетата на црквата, или пак во својот дух, прави Му друштво, за во текот на овој ден твоето срце да не се оддалечи од Светохранилиштето.
Следи го божествениот Затвореник. Возљуби ја тишината и внатрешната повлеченост. Дозволи да бидеш на располагање на сите. Цени ги моментите кога се чувствуваш напуштен. Заборави на созданијата и не грижи се само за себе.
Тогаш навистина ќе бидеш многу возљубен пријател на Божественото Срце, секогаш подготвен на жртва со Него и за Него. А и Тој ќе те љуби со посебна љубов и нема за ништо да те одбие.
Направи, мој Спасителу, како Твој верен пријател, заедно со Тебе, да се принесувам себеси како жртва дење и ноќе!
Кармел-бси/к.мк

