СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Дваесет и петти ден: Душа сама со Пресветото Срце

Самотијата со Господ е за силните. Самотијата за светите е и рај на земјата.

Привилегирани души, повлечете се, сокријте се со Исус, побегнете во пустината. Таму маната паѓа од небото.

Да, бегај. Бегај од празните расеаности, од вознемирувачките грижи, од бескорисните разговори. Бегај и од самиот себе, па така, далеку од тесниот внатрешен и надворешен свет што те исцрпува, влези во пустината, искачи се на Божјиот врв и таму сокриј се во пукнатината на карпата, во Срцето Исусово.

Какви прекрасни нацрти ќе вреже Добриот Учител во твојата душа, која Тој толку многу ја љуби. Во самотијата пред Господ, слушајќи Го во молитва, таму ќе ги пронајдеш сите до еден.

Во текот на овој ден, својата внатрешна ревност насочи ја кон тоа да бидеш прибран, осамен и тивок. Така Исус, кога и да се удостои да дојде кај тебе, ќе може непречено да разговара со твоето срце.

Исусе, Твоето Срце ќе биде прибежиште во кое ќе живеам во мир, љубов и самотија.

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот