СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Деветнаесетти ден: Душа посредничка заедно со Пресветото Срце

Срцето Исусово силно посакува да Му се придружиш во Неговата улога на единствен Посредник, која Тој непрестајно ја исполнува на Небото и на земјата.

За да станеш достоен за таков знак на доверба, дај Му ја својата целосна согласност. Тој неуморно се застапува за спасението на луѓето. Принеси Му ги на Небесниот Отец Неговите молби, Неговата крв и Неговите страдања за полза на тие души.

Соединет со овој Посредник, моли милост за грешниците, а благодат и истрајност за праведниците.

За таа накана, во текот на овој ден принеси кратка молитва и некое мало одрекување. Нека твоето внатрешно расположение биде соединето со Божественото Срце во непрестајно застапување пред Божјиот престол, за да можеш да помогнеш во посредувањето на благодатите потребни за целиот свет, а пред сè за зголемување на жарот на љубовта кон Пресветото Срце.

Свети Оче, погледни го лицето на Исус и направи од сиромашните грешници Твој избран народ!

Кармел-бси/к.мк

За авторот