Вчера Црквата го прослави 4. Светски ден на сиромашните, кој пред четири години го воведе папата Фрањо, со кои се потсетуваат христијаните во целиот свет дека сѐ повеќе и подобри мора да бидат конкретните знаци на Христовата љубов кон последните и најотфрлените.
„Големите економски, финансиски и политички кризи нема за запрат сѐ додека дозволуваме да биде заспиена одговорноста која секој треба да ја чувствува кон ближниот и ој секој човек“ – пишува папата Фрањо во пораката по повод Светскиот ден на сиромашните, кој се одржува со мотото: „Пружај ја раката своја кон сиромавиот“ (Сир 7,32). Во старата мудрост Сирахова се наоѓаат упатства за многу ситуации во животот, како што е сиромаштвото – како што стои во пораката – добива секогаш различни лица, а тоа е и место на кое се сретнува и Исус“. Светскиот ден на сиромашните е можност на оние во неволја да им покажеме љубов, дали преку многубројните каритативни дела на Црквата или пак со свој личен ангажман.
„Во глобализацијата н рамнодушноста стануваме, а за тоа да не сме ниту свесни, нечувствителни за болниот крик н а сиромашните, не плачеме повеќе заради болката и страдањето кои ги погодува другите и дури не чувствуваме ниту потреба да им помогнеме, како на сето тоа да е повикан некој друг да направи нешто затоа што не се однесува тоа за нас. Културата на благосостојба нѐ прави нечувствителни… и судбината на оние кои живеат во беда поради оскудни можности не можат да ни го допрат срцето“ – истакнува папата Фрањо во својата порака по повод Светскиот ден на сиромашните.
Да ја испружиме раката кон сиромавиот, метафорички и буквално. Испружената рака е знак, кој веднаш зборува за блискост, солидарност и љубов. Понекогаш и разговорот е многу. Или насмевката. Во својата порака Папата истакнува дека токму гестовите даваат смисла на животот, гестови кои често се занемаруваат, а се присутни и живи. Насмевката која ја даваме на сиромашниот е извор на љубов, која овозможува живот со радост, тоа е израз на оној кој не префрла за помошта која ја дава, туку се радува затоа што го живее стилот на Христов ученик.
ХКМ/к.мк