Црквата денес го празнува свети Филип, кој бил еден од седумте ѓакони избрани од Апостолите: ја преобратил Самарија во Христовата вера, го крстил властелинот на Кандакија, етиопската царица и ги евангелизирал сите градови каде што поминувал, сѐ до Кесарија, каде се смета дека го завршил својот овоземен живот.
За да се разликува од Филип од Витсаида, еден од дванаесетте, Делата на светите Апостоли го нарекува „евангелист“, бидејќи го проповедал Евангелието. Тој е еден од седумте „луѓе со добар углед“ избрани во Ерусалим од првите христијани како помошници на апостолите во практичните должности (другите ѓакони биле: Стефан, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен, Николај).
Но тие не се ограничувале само во практичните должности: Стефан се втурнува да проповеда и е убиен со каменување. Филип, со другите членови од првата христијанска заедница, бега од Ерусалим, и станува евангелизатор на Самарија со извонредни резултати. Проповеда, убедува, крштева, и на тој начин ја создава првата христијанска заедница надвор од границите на Јудеја. Тогаш од Ерусалим пристигнале Петар и Иван, за да биде потврдено и комплетирано неговото дело, ги положиле нивните раце врз новокрстените „И тие го примаа Свтиот Дух“.
Според Делата на светите Апостоли тој е еден од седумте „луѓе со добар углед“ избрани како ѓакони. Првиот, Стефан, е првомаченик; Филип е првиот мисионер во христијанската историја. На мисионерски пат е принуден по смртта на Стефан кога избувнало прогонувањето на еленизираните еврејски христијани кои морале да заминат од Ерусалим. Тој се населува во Самарија каде почнува неговата прва фаза од проповедувањето на Евангелието надвор од Јудеја. Христијаните од Самарија остануваат во заедништво со верниците од главниот град.
Откако завршил со проповедувањето во Самарија, Филип примил од Светиот Дух наредба да оди на патот кон Газа. Таму во една кола поминувал еден африкански службеник кој се враќал во неговата татковина откако бил на поклоничко патување во Ерусалим. Всушност тој бил етиопјанин, министер на царицата Кандакија. Не е јасно дали тој е член на еврејската религија; но сигурно го привлекувала израилската вера, па дошол во Ерусалим „да се поклони“. Филип му се приближил и го слушнал како чита дел од пророкот Исаија кој зборува за еден мистериозен слуга осуден на смрт. Го примил во колата и го натерал да го протолкува текстот од пророкот Исаија кој го читал, но не го разбирал. Охрабрен од Светиот Дух, му објаснува дека текстот всушност зборува за Исус. Убеден, африканскиот функционер побарал да го крсти, а Филип тоа и го направил. На тој начин ширењето на Евангелието добива нова граница, насочена кон Африка.
Филип, пионер во евангелизацијата надвор од Јудеја, не делува според некоја програма. Во Самарија е отиден поради моментите на опаснот, на патот кон Газа го насочил некој мистериозен знак. Потоа се задржува во Палестина: и го гледаме како проповедник во крајбрежниот регион. На крајот ѓаконот се населува во Кесарија, каде што бил наречен евангелист, односно бил наречен водач на заедницата. Таму имал чест да го прими апостолот Павле во својата куќа, каде што живеел со неговите 4 неомажени ќерки кои биле сметани за пророчици.
Ништо со сигурност не се знае за смртта на Филип. Можеби, според една традиција, се случила во Кесарија. Друга традиција пак вели дека Филип починал во Трале (Мала Азија), каде што Филип таму можеби бил епископ.
Светци и блажени/З.А.