Свети Никола Чудотворец

Свети Никола Чудотворец

Славејќи го празникот на свети Никола, за него би требало да проговориме за она што нему му е најубаво и најпривлечно, за она што нашата вера ја прави божествена, небесна, а тоа е љубовта.

Свети Никола е роден во Мала Азија во регионот на Ликија во 3. век. Имал богати родители кои долго време немале деца и го молеле Бога да добијат дете и тогаш им се родил Никола кој името го добил по нековит чичко, епископот Никола. За жал, неговите родители набргу починале и Никола останал сам.

Никола го наследил богатството, но не се возгордеал, туку секогаш имал срце за луѓето во потреба. Така тој му помагал на сиромашниот сосед кој немал пари за мираз на своите ќерки. Никола во три наврати ноќе ставал вреќички со пари преку прозорецот со цел таткото да може да ги омажи своите ќерки. Затоа свети Никола станал заштитник на сирошните. Младиот Никола отишол да учи за свештеник во кое го води неговиот чичко, епископ во градот Мир. Тој го упатува на светоста и побожноста.

Никола станал свештеник и сакал да ја шири љубовта каква имал Исус за своите браќа. Наскоро починал и неговиот чичко, епископот во Мир и сите мислеле дека Никола ќе го наследи. Но, тој скромен и во страв од оваа чест побегнал во Палестина, каде едно време поминал самотнички живот.

Се вратил после неколку години и тоа токму во моментот кога починал наследникот на неговиот чичко. Од тогаш ноќе се молел, а преку денот им помагал на несреќните и ја ширел верата. Исцрпен од покора и многу работа починал на 6 декември 327 година. Бил погребан во Мир каде што се наоѓа саркофагот кој некогаш било положено неговото тело. Но, заради освојувањата од страна на Турците, посмртните останки на светецот ги пренеле 62 војници во градот Бари (Италија) во мај 1087 година, каде и ден денес се наоѓаат неговите мошти.

Според народното верување тој правел и чуда и затоа е наречен и чудотворец. Исто како и Исус го смирил разбранетото море и затоа е заштитник на морето и на морнарите.

Свети Никола како епископ живеел скромно. Целиот живот го сфаќал дека единствен животен пат на човекот е љубовта кон Бога и ближните. Со оваа љубов правел чуда и заради неа е прогласен за светец.

Свети Никола подеднакво е почитуван на Исток и на Запад. И во негова чест се изградени многу цркви.

МОЛИТВА до свети Никола за децата, младите, морнарите и патниците:

Боже, Оче наш, те молиме преку застапништвотот на свети Никола постојано да ги чуваш, да ги штитиш децата да пораснаат сигурни во љубовта. Младите охрабри ги со својот дух да се спротивставуваат на лошите предизвици и во радоста да бидат твои. Помогни им на морнарите и патниците во бурите и во секоја опасност и дај да се вратаат дома живи, здрави и среќни. На сите твои верни подари им благодарствено срце. Преку Христос, нашиот Господ. Амин!

Лаудато/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот