Преку апликацијата Wechat и со помош на симултан превод повеќе илјадници луѓе во кина ги следеа секојдневите свети Литургии на папата Фрањо од домот Света Марта.
Илјадници луѓе и во Народна Република Кина во последните неколку недели го следеа преносот на светата Литургија која папата Фрањо ја служеше секој ден. Едноставните секојдневни литургиски славења од капелата на неговата резиденција во домот Света Марта ги следеа мноштво верници во светот, благодарение на преносот и на телевизиските и радиските коментари на многу јазици. Тој дар кој римскиот бискуп сакаше секој ден да им го пружи на голем број верници кои не можеа да излегуваат од домовите заради пандемијата дојде и до кинеските верници католици.
Директните преноси започнаа на 27 март кога папата Фрањо на празниот и со дожд натопен плоштад Свети Петар ја предводеше посебната молитва за крај на пандемијата, а на 30 март и во Кина преку социјалните медиуми започнаа преносите на светите Литургии од домот Света Марта. Првата директно пренесувана света Литургија имала 280 прегледи, а потоа секој ден тој број растеше се повеќе. Изминатите денови секојдневно директно беа поврзани помеѓу седум и осум илјади луѓе, а прегледи имаше повеќе од 10.000. Светите Литургии повеќе верници ги следеа на еден дигитален уред посебно во недела.
Славењата се пренесуваа на паметен телефон преку апликацијата Wechat, која е најпопуларна во Кина, а неа ја користат и старите лица. Во некои случаи помладите членови на семејството успеваа да ја пренесат сликата на компјутерот или на телевизискиот екран за целото семејство полесно да го следи преносот, а симултаниот превод овозможуваше разбирање на зборовите на Папата. Така сите, мажи и жени, деца и млади, заедно со своите баби и дедовци – сите принудени да останат дома за да ја избегнат заразата од коронавирусот – можеа да ги следат утринските Литургии на Папата, исто така важни затоа што заради пандемијата повеќе од три месеци немаше можност лично да се учествува на литургиските славења во црквите.
Веста за тоа дека повеќе нема да има директен пренос е примена со одредена тага, затоа што посебно за старите лица и болните светата Литургија со папата Фрањо стана секојдневен настан. Освен тоа, за кинеските верници беше и начин на кој се чувствуваат соединети во молитвата со Петровиот наследник и со општата Црква.
Ватикан њуз/к.мк