Светиот Престол повика на мир и храброст при соочувањето со кризата со коронавирусот

Светиот Престол повика на мир и храброст при соочувањето со кризата со коронавирусот

Дикастеријата за лаици, семјество и живот упати порака во која се искажува близина на Црквата со сите оние кои се погодени од Covid-19 или се чувствуваат загрозени од таа инфекција, и се заблагодарува на лекарите, болничарите, медицинските сестри, помошниот персонал и научниците за нивната великодушна ангажираност.

Во Божјите очи човечкиот живот има голема вредност. Ако во некои ситуации е нападнато здравјето и животот на многу луѓе, а можеби и нашиот, не смееме да се чувствуваме дека сме сами пред тој непријател – објави Дикастеријата за лаици, семејство и живот во пораката поврзана со епидемијата на Covid-19, познат со името коронавирус. Како Дикастерија која Светиот Отец ја задолжи за пасторална грижа за лаиците, семејствата и за животот, сакаме во овој тежок момент на сите кои се погодени од Covid-19 или се чувствуваат загрозени од таа вирусна инфекција, да им ја искажеме нашата близина, љубов и молитва – стои во пораката.

Во порката сите се повикуваат храбро и мирно да се соочат со ова меѓународна здравствена криза, ставајќи се на располагање и да се биде подготвен, заради општото добро, за откажување од личниот стил на секојдневен живот. Секој од нас е повикан да го направи својот дел, но не сме сами, ја имаме Божјата заштита, која бдее над секој од нас со татковска љубов – стои во пораката на Дикастеријата за лаици, семејство и живот и истакнува: И Црквата сака да биде близу со секој болен од Covid-19, нивните семејство и пријатели, здравствените работници и јавното здравство, кои се грижат за болните, па и со научните кои бараат лек за оваа болест.

Во пораката Диакстеријата посебно се обраќа на семејствата кои се повикани со љубов и со големи чувства на одговорност да водат грижа за своите членови кои се заразени од Covid-19, да се грижат за своите стари, кои не можат да излегуваат од домовите поради опасноста од зараза, да се грижат за оние кои се најслаби заради некоја друга болест од која веќе боледуваат, за децата кои мора да останат дома и да не одат на училиште поради здравствени причини. Тоа е тешка задача посебно за семејствата кои живеат во сиромашни места, кои оскудеваат од економски извори и социјална омош, но и за оние кои можат да ја загубат работата поради последиците од епидемијата врз светската економија

Во пораката потоа се истакнува дека во такви услови семејството може да стане извор и сила која покренува и ја шири смислата за одговорност, солидарност, сила и разборитост, меѓусебно делење и помош во тешкотиите. Дикастеријата за лаици, семејство и живот, на крајот се придружува со папата Фрањо, кој за време на Генералната аудиенција на 26 февруари ја изрази својата близина со болните од коронавирусот и здравствените работници кои се грижат за нив, како и за граѓанските власти и сите кои се ангажират како би помогнале на болните и во запирањето на инфекцијата.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот