На 12 јануари 2021 година, Конгрегацијата за Свети Тајни и богослужби ги објави прописите за пепелење на Чиста Среда – Пепелница и која за време на пандемијата ќе биде „без зборови и без допири“. Оваа година постот според западниот обред започнува на 17 февруари.
Пред обредот на пепелење на Чиста Среда, свештеникот треба да стави маска, повторно да ги дезинфицира рацете и потоа да ја посипе благословената пепел на главите на верниците кои му приоѓаат, наместо да прави знак на крст на челото. Таму каде што е обичај, свештеникот може да оди до верниците собрани на плоштадот пред црквата.
Обредот се одвива во тишина, а вообичаената формула („Покај се и верувај во евангелието“ или порано „Сети се човеку дека си прав и дека ќе се вратиш во прав“) се изговара само еднаш, на почетокот на обредот пред сите верници.
Ватикан њуз/к.мк