Здравствената криза предизвикана од болеста Ковид-19 е уште еден предизвик без преседан кој бара внимание кон земјите во развој. За тоа на 2 јули зборуваше постојаниот набљудувач на Светиот Престол при ООН во Женева на 67. заседание на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој.
Станува збор за „единствената“ економска криза предизвикана од пандемијата од коронавирусот, која поттикна на невработеност, пропаѓање на претпријатијата и слабост на финансиските пазари, а на хоризонтот е можна трагедија – со тие зборови надбискупот Иван Јурковиќ постојан набљудувач на Светиот Престол при ООН во Женева ги опиша сериозните последици од пандемијата во најсиромашните земји, зборувајќи на 2 јули на заседанието на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој. Зборуваше за можно уништувачко влијание на кое меѓународната заедница треба ефикасно да одговори.
Надбискупот истакна дека е потребно да се соочи со парализирачкиот товар на надврешниот долг, јавниот и приватниот, насобран во последните години во земјите во развој и поттикна на вложување поголеми напори во светло на актуелната криза. Светиот Престол ги повикува сите земји да го намалат или избришат долгот кој го отежнува билансот во најсиромашните земји. Не треба да се заземаме само за тоа да функционира пазарот – истакна тој, туку треба да се премине на поинклузивен свет, вложувајќи во човечки капитал, давајќи кредити на сиромашните, и штитејќи ги потрошувачите. Потребна е „агенда која бара“ која ќе го ублажи несразмерот на пазарот.
Корените на таа криза не се само економски и финансиски – рече постојаниот набљудувач на Светиот Престол, туку најмногу од морална природа. Давајќи предност на „да се биде“ пред „поседувањето“ и етиката пред економијата, сите народи во светот би требало да ја прифатат етиката на солидарност за да го поддржат своето делување – истакна надбискупот. Претераната либерализација ја зголеми заработката на краток рок, ја поддржа злоупотребата и во животната средина влијаејќи на економскиот живот, но и на животот на луѓето. Пред таа можна трагедија која е на хоризонтот се бара силен етички пристап заснован на нашата одговорност.
Најитен предизвик е – истакна надбискупот Јурковиќ, да се одговори на здравствената криза предизвикана од коронавирусот, а потоа да се ограничи штетата од економската криза. Меѓународната заедница не може да дозволи финансискиот систем да продолжи да создава глобално нестабилна економија; треба итно да се применат мерки – објасни надбискупот, да се спречи избивање на други финансиски кризи во иднина. Затоа е важно да се усвои етика на солидарност со цел поздрав и похуман напредок, со економија која е во служба на луѓето, за да се изгради мир и заштита на животната средина. (…)
Спомнувајќи го папата Фрањо надбискупот Јурковиќ на крајот истакна дека сега не е момент за рамнодушност затоа што целиот свет трпи и треба да биде обединет со цел соочување со пандемијата; затоа должност на сите луѓе е да не ги напуштат најранливите браќа и сестри.
Ватикан њуз/к.мк