Светиот Отец: Служењето може да биде начин на живот

Светиот Отец: Служењето може да биде начин на живот

Колку повеќе некоја професија на човекот вклучува можност за спасување на животот, за давање поддршка, помош и заштита, толку повеќе му е потребен висок етички кодекс и вдахновение одозгора, потсети Папата.

На 7 ноември 2024 година папата Фрањо ја прими во Ватикан делегација на корпусот за материјално снабдување и транспорт на италијанската армија (Arma Trasporti e Materiali dell’Esercito Italiano). Аудиенцијата се одржа по повод 70-годишнината од прогласувањето на Свети Кристофер за небесен покровител на овој вид вооружени сили, што беше направено на 4 ноември 1954 година од папата Пиј XII.

Потреба за божествена заштита и вдахновение одозгора

„Среќен сум што некој војник побарал и добил покровителство на свештеномаченик кој го дал животот за да сведочи за Христа. Тоа, пред сè, значи дека не постои професија или состојба на животот што нема потреба од вкоренување во вистинските вредности и божествената заштита“, рече Папата.

„Навистина може да се каже дека колку повеќе некоја професија вклучува можност за спасување или губење живот, обезбедување поддршка, помош и заштита, толку повеќе му е потребен висок етички кодекс и вдахновение одозгора“, додаде Светиот Отец.

Грижа за достоинството на секој човек

Папата Фрањо рече: Да имаш светец за свој заштитник и да се гордееш со него значи да се служи на татковината, да се преземе обврската да се стави на прво место достоинството на секоја личност која е слика на самиот Создател. Станува збор за стил кој се карактеризира со заштита на најслабите и оние кои се во опасност поради војни, природни катастрофи или пандемии.

Препознавање на потребата од Божја помош

Папата истакна дека почитувањето на небесниот заштиник значи да се признае дека професионалноста, чувството за должноста и самопожртвуваноста не се доволни, туку мора да се побара и милост од небото, која е неопходна за подобро исполнување на мисијата. „Тоа значи да признаеме дека не сме семоќни, дека не е се во наши раце и дека ни треба Божјата благодат“, додаде Светиот Отец.

Служењето е начин на живот

Папата потсети дека војниците учествуваато мировните и хуманитарни операции, се борат со последиците од природни катастрофи и други вонредни ситуации, а по завршувањето на воената служба продолжуваат да се занимаваат со волонтерски активности, докажувајќи дека желбата за служење е карактеристика на нивниот живот.

Кристофер – потсети Папата – „значи оној што го носи Христос“. Ако секојдневно не го жалите трудот за да работите во вашите единици, ако им помагате на луѓето погодени од природни катастрофи или вооружени конфликти, вие, без да знаете за тоа, во извесна смисла го носите стилот на Христос кој дојде да служи, а да не Му служат“, им рече Папата на италијанските војници.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот