Во сабота 5 септември во 18:00 часот, на празникот света Мајка Тереза, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје ќе се служи света Литургија по повод 10 годишнината од канонизацијата на Света Мајка Тереза.
Светата Литургија ќе ја предводи Мостарскиот бискуп и Требињско-мркањски управител монсињор Петар Палиќ во заедништво со Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов и бискупи и свештеници од земјата и регионот.
Во петок, 4 септември во 18:00 часот, бискупот Стојанов во скопската катедрала ќе ја предводи светата Литургија, на која поранешниот скопски катедрален парох дон Давор Топиќ ќе ги сподели своите впечатоци од канонизацијјата во 2016 година.
к.мк

