На првата годишнина од Апостолската посета на папата Фрањо на Македонија, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх во четврток 7 мај 2020 година со почеток во 18.00 часот во Скопската катедрала ќе служи света Литургија, во знак на благодарност за посетата на Папата на нашата земја, како и за сите милости и благодати добиени преку оваа Апостолска посета.
Поради пандемијата на КОВИД-19, светата Литургија ќе биде служена без народ, но ќе може директно да се следи преку социјалните мрежи, односно преку facebook профилите Католичка катедрала Скопје и Радио Марија Македонија.