Животот е задача. Од исполнувањето на таа задача зависи дали ќе бидеш среќен во животот или твојот живот ќе биде промашен. Овој ден кој што е пред тебе ти е даруван. Тој ти е добра прилика. Што ќе направиш со него?
Денот можеш да го промашиш со безбројни лутања низ просториите, улиците, повикувајќи ги пријателите или губејќи го време со неважно читање, слушање и слично. Може да се препуштиш на бескорисно дремење. Исто така денот може да стане потпирач на кој што ќе се потпираш во својата иднина. Сето тоа што во минатото погрешно си го правел, денес можеш да го поправиш.
Денес можеш да го напишеш писмото за кое веќе долго време од тебе се бара одговор. Денес можеш да почнеш да учиш јазик (оној кој што ти го сакаш). Денес можеш да посетиш болен, затвореник, прогонет. Денес можеш да прочиташ книга или некое добро дело и да го збогатиш твоето срце. Денес можеш да почнеш да молиш вистински, одлучно и истрајно. Денес можеш да ја завршиш работата која што долго време те чека. Денес можеш да го повикаш пријателот и да го обновиш старото пријателство. Денес може да одиш на исповед и да ја симнеш тежината од грижата на совеста. Денес може да почнеш да учиш за конечно да го положиш испитот. Денес можеш да почнеш да вежбаш за да не бидеш раздразлив кон својот брачен партнер, децата, кон колегите на работа. Денес може да се одречеш, да постиш, да се жртвуваш, да му се даруваш некому. Денес можеш, така, да го збогатиш својот ден. Ако уште една прилика испуштиш, ќе оставиш зад себе уште еден празен ден кој што ќе те оптеретува, ќе те прави раздразлив и помалку растресен. Пред тебе е, така, животот и смртта. На тебе е да бираш.
Низ земјата поминуваш само еднаш. И овој ден ти е единствено даруван. Тој никогаш нема да се врати. Тоа што еднаш е оставено празно, никогаш повеќе не може да се исполни. А тоа што денес си го исполнил, никогаш повеќе не ќе можеш да го испразниш. Што денес ќе направиш, во вечноста ќе го уживаш. Се она што денес ќе го пропуштиш, никогаш повеќе не ќе можеш да го надоместиш. Времето е дар во кој растеме или во кое се снижуваме. Старите римјани зборувале: Nulla dies sine linea – Ниту еден ден без повлечена црта.
Животот е борба – вели Светото Писмо. Секој ден одново треба да го земеш својот крст – вели Исус – за да можеш да бидеш негов ученик.
Светот во кој што живееме ни се спротиставува. Тој сака да те прекине во одењето со животот. Сѐ околу тебе те спречува да правиш добро дело, да го учиш првиот чекор, да го исполниш своето време. Дури тогаш кога времето е исполнето е вечно времето. Се исплаќа да се бориш, да се противиш и да се одречуваш.
Започни веднаш. Најпрвин помоли се на Бога да ја добиеш силата за денес да не го промашиш денот, туку за да го исполниш. Навечер ќе бидеш среќен затоа што зад тебе е исполнет денот на кој што ќе можеш секогаш да се потпираш.
д-р Томислав Иванчиќ/Битно.нет/к.мк