Велат многу побожни луѓе: „Ако сакаш Бог со погледот да го благослови делото на рацете твои, направи го тоа со молитва на усните твои!“ И мене некој ме направил од глина. Ја набљудувал добрата земја, добрата комбинација на земјата со водата, добрата работа на раката која од земјата создава нешто прекрасно и корисно. Јас сум создаден од земјата за земјата, за доброто, да служам како сад за чистење, перење на раце, нозе. Ме користеле во повеќе намени, но најчесто во својство за добредојде на гостите пред вратата. Слугата Господов би ме зел во рацете и поливајќи ги со вода прашливите нозе на гостите во името на домот покажува добредојде.
Слушнав за оние садови во Кана Галилејска и како еден од Назарет со своите чудесни зборови во садот за миење водата во вино ја претворил. Среќа за тие садови. Веќе не биле само средство за добредојде, туку и дел од веселбата со најубавото вино.
Јас го чекав своето време исчекувајќи го слугата кој мене ќе ме земе во рацете и поливајќи ги нозете на гостите ќе искаже добредојде. Со мене е уредно украсен и урбусот, подготвени сме за слугата. Затоа сме и така направени. Нашиот творец нѐ изработил со вешта рака со молитва на устите.
И на денот на подготовката, наместо слугата ме зеде Господарот во рацете, Учителот. Се опашал со убрусот и им ги изми нозете на своите ученици. Сите се чудееле. На мене најмногу ми беше чудно. Зарем не би требало попрво да ме земе некој слуга во рацете, ученик, а не Учителот и Господарот. Ги изми нозете на своите ученици. Некои од нив се побунија за тоа, одбиваа. Некои замина надвор пред миењето. А Учителот само мирно ги поучуваше, се молеше над нив. Како да е некој нов Грнчар кој се моли над своите садови кои ги обликува со своите рацете.
Подоцна слушнав дека Управителот во својот сад ги измил рацете од тој Учител. Го убија недолжен. Која беше неговата вина? Дали затоа што ме зеде во рацете и ги изми нозете наместо некој слуга? Или тоа што во молитвата над своите ученици создаваше нешто ново. Се надевам дека за тоа еднаш ќе дознаам.
Само за крај уште еден цитат, не ми е потполно јасен, но сеедно со Вас сакам да го споделам: „За Бога ништо не е невозможно…“ можеби и над нас Бог, грнчарот со некоја убава молитва моли додека од нас создава нешто ново.
Фрањевци Сплит/к.мк