Распоредот на богослужбите на Папата во март и април

Распоредот на богослужбите на Папата во март и април

Церемонијалот на Светиот Отец, надбискупот Диего Равели, го објави календарот на богослужбите кои ќе ги предводи папата Фрањо во март и април 2025 година.

Во среда, на Пепелница, 5 март, ќе ја предводи покајничката богослужба, која ќе започне со молитва во 16:30 часот во црква Свети Анслемо и ќе продолжи со процесија до базиликата Света Сабина. Таму Светиот Отец ќе служи света Литургија со обредот пепелење.

На 9 март, првата недела од Великиот пост, во 10:30 часот, Папата ќе ја предводи светата Литургија на плоштадот Свети Петар како дел од јубилејот на волонтерите.

Истиот ден во 17:00 часот во салата Павле VI ќе започнат духовните вежби за Светиот Отец и Римската курија, кои ќе завршат на 14 март.

На 6 април, 5-та недела од Великиот пост, Папата ќе ја предводи светата Литургија за јубилејот на болните и здравствените работници. Богослужбата ќе започне во 10:30 часот на плоштадот Свети Петар“.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот