Распетие во калта – знак на Христово присуство среде поплавената Шпанија

Распетие во калта – знак на Христово присуство среде поплавената Шпанија

Според последните податоци, најмалку 217 лица го загубиле животот во разорните поплави во Шпанија, а на 4 ноември во Барселона е прогласен црвен аларм поради значителното зголемување на нивото на водата. Додека се трага по најмалку 89 исчезнати лица, а властите стравуваат дека бројот на жртвите може да продолжи да расте, о. Густаво Ривиеро од парохијата „Свети Ѓорги“ во Паипорта го пронајде „лицето на надежта“.

За време на чистењето на парохиската црква во Паипорта, свештеникот Густаво Ривиеро го препознал калливото распетие како знак на Христовата близина со сите погодени од поплавите во Шпанија.

Христовиот лик прекриен со кал спонтано стана симбол на сите жртви од поплавите. Паипорта е еден од најтешко погодените градови од поплавите кои го погодија регионот во Валенсија на 29 октомври, а исто така и местото каде што загинаа најмногу луѓе.

„Неговиот лик, неговото лице покриено со кал, нè потсетува на повеќе од сто мртви во Паипорта и на безброј исчезнати луѓе и нивните семејства“, рече отец Густаво Ривеиро за Алетеја.

Пронајденото распетие беше покриено со истата кал што закопа стотици жртви во оваа невидена природна катастрофа во Шпанија.

Фотографијата е објавена со потсетување на Христовото ветување: „ Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот“ (Мт 28, 20).

ХКМ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот