Библијата вели: „Кој најде пријател, го пронашол богатството“. (…)
Нема пријателство на далечина, виртуелно, преку компјутерите или мобилни телефони. Бог ни го пратил својот Син Исус да нѐ научи колку е важно да разменуваме допири, погледи, помош во неволја, да ја делиме радоста и тагата со другите. (…)
Велат од искуство дека нема никого што не почувствувал радост кога својот успех го поделил со пријателот и помалку тагувал кога тагата со некого ја споделил. Понекогаш имаме многу познаници, а малку пријатели. Велиме дека Бог ни е пријател, секогаш е тука за нас, затоа што без пријатели и најсилниот човек не е сигурен.
Ако внимателно ја читаме Библијата ќе забележиме дека Исус имал време за поединци, луѓето наспроти себе. Тоа се гледа во средбите што ги опишува Библијата, средбите кои се одвивале „лице во лице“ помеѓу Исус и Никодим, Самарјанката на изворот, немоќниот, жената фатена во прељуба, слепородениот и уште многу други кои можеме да ги прочитаме во Библијата.
Тој е Бог и Спасител, зошто му требало тоа?
Оваа блискост ја покажува неговата љубов кон човекот, конкретно, реално и во секојдневните моменти од животот. Тој не станал човек за нас, туку за тебе. Умрел за мене, секако и за другите кои живеат. Сакам да истакнам колку пред Бог сме важни и големи.
Не е тој еден од оние „големите во заедницата и Црквата“ кои ти се обраќаат преку посредници и кои мораш да ги чекаш за да те примаат и до смртта да им бидеш благодарен на оние неколку минути кои ти ги посветиле. Би било добро, ако тоа некому го интересира, да се анализира секоја средба подетално. Случувањата ни се познати преку деталите и објаснувањата. (…)
Потребно е да се соживееш, да ја допреш неговата присутност, затоа што тој е овде помеѓу нас, со нас лично. Понекогаш не гледаме дека е спроти нас, дека е близу до нас, а не далеку, па како ќе разговараме со некого кој не е близу до нас и кој не го гледаме? Се сеќавам на една приказна за еден болен човек кој држел празно столче до него покрај креветот. Верувал дека Исус седи таму, верувајќи дека Тој е овде за него, за да го слуша што зборува. Болниот го нашле мртов со главата на столчето. Сигурно верувал дека е во Неговите раце.
Тој се обраќа на мене и на тебе, оптеретени од секојдневни проблеми, има решение, додека ние за секое решение наоѓаме проблем. Некој од него барале решение за тајната на животот и смртта, како Никодим, Самарјанката – жива вода, прељубницата – опростување и заштита, болниот оздравување. Може да се претпостави дека во разговорот ги држал за раката за да го почувствуваат Неговото срце.
Вера и дела/к.мк