Во Канцеларијата за печат на Светиот Престол, во вторникот на 19 октомври презентирана е нова верзија на официјалната платформа на Папската молитвена мрежа Click To Pray и интернет страницата за молитва за Синодата, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Новата платформа и интернет страница ја претставија о. Фредерик Форнос, СИ меѓународен директор на Светската мрежа за молитвите на Папата, потоа секретарот на Дикастеријата за коминикација на Светиот Престол монс. Луцио Руиз, меѓународната координаторка на проектот Click To Pray и регионалната координаторка на проектот Click To Pray во Аргентина и Уругвај Бетина Раед, проект менаџерот Хуан Игнацио Кастеларо и менеџарката за комуникации на Меѓународната унија на врховни поглавари и поглаварки (UISG) Патриција Морганте. На презентацијата беа присутни генералниот секретар на Генералниот секретаријат на Епископската синода кардиналот Марио Греч и менаџерот за комуникација генералниот секретаријат на Епископската синода Тиери Бонавентура.
Click To Pray, започната во 2016 година е Папска молитвена платформа која нуди содржина на седум јазици: шпански, англиски, италјански, француски, португалски, германски и традиционален кинески и го вклучува личниот профил на Папата во кој се вклучени неговите накани и молитви за Црквата. Новата верзија на Click To Pray 2.0, пружа серија предлози за секојдневна молитва со Папата. Click To Pray има повеќе од 2,5 милиони корисници во целиот свет и опфаќа интернет страница, апликација, социјална мрежа и Newsletter. Секоја година повеќе од 300.000 корисници молат заедно со папата Фрањо на неговите молитвени накани.
Заедно со Генералниот секретаријат на Епископската синода и Меѓународната унија на врховни поглавари и поглаварки на Папската светска молитвена мрежа претставена е и интернет страницата http://www.prayforthesynod.va/ која како што е кажано на презентацијата, претставува „контемплативен виртуелен простор“ каде секој верник и Божјиот народ во целина можат да ги делат своите молитви за синодалната Црква. Click to Pray ќе го поддржи духовниот пат на Синодата и другите предлози на пример молитва за месната Црква со молитвени накани на епископските конференции.
Апликацијата „Click To Pray“ може да се преземе од оперативните системи Android и iOS. Посланието на Папската Светска молитвена мрежа е да моли заедно со Црквата. Основана е во 1844 година како Апостолат за молитва кој е присутен во 98 земји и во него учествуваат повеќе од 35 милиони католици.
Ватикан њуз/к.мк