Пред вашето дете е Прва Причест. Наскоро вашето дете нема само да ја дели вашата ДНК, туку ќе го дели со Вас и Телото Христово! Подгответе се за ова Света Тајна.
Конечно, дојде тој ден – денот кога вашето дете ќе ја добие Првата света Причест. Чекавте долго време и се подготвувавте извесно време за овој момент. Се обидувате да го воспитувате вашето малечко во католичка вера и сега тој или таа се подготвува да го направи следниот голем чекор. Многу е возбудливо сознанието дека вашето дете наскоро ќе го прими Телото, Крвта, Духот и Божеството на Исус Христос во Светата Тајна. Замислете! Наскоро вашето дете нема само што ќе ја дели вашата ДНК, туку ќе го дели со Вас и Телото Христово! Ова ќе биде нов вид на врска со вашето дете, која досега не сте ја доживеале.
За жал, сепак, во целата логистика (купување на соодветна облека за Прва Причест, испраќање покани, чистење на домот за роднините, готвење итн.) лесно е од “шумата да не се види дрвото” и целосно да се занемари она што е најважно – духовната подготовка на детето за тој посебен ден.
Примамлив е фактот да се потпрете на вероучителите на вашето дете да го научат за важноста на примањето на Евхаристијата, особено кога имате толку многу работа околу организирање на сè. Сепак, вистина е дека подготовката на вашето дете за оваа Света Тајна започнува и завршува со вас, родителот. Вие сте највлијателна личност во животот на вашето дете, па оттаму вашиот пример на почит кон Евхаристијата е оној кој вашето дете ќе научи да го имитира.
Ви претставуваме неколку едноставни совети за насочување на вашето и вниманието на вашето дете на вистинското значење на оваа Света Тајна.
Прво: Пронајдете ги оние мали моменти за катехизам
Едноставен начин за почеток на почитувањето на Евхаристијата, започнува со објаснувањето на вашето дете за причината за неговото одење на света Литургија. На пример, денот кога одите на света Литургија кажете му на вашето дете дека одите да бидете со Исус на посебен начин и дека Го примате во вашето тело. Ако одите на света Литургија преку недела, кажете му на вашето дете дека одите често на Литургија за да го примите Исус уште повеќе.
Поттикнете ја нивната возбуда околу тоа!
Кога ќе започнувате со едночасовен пост пред светата Литургија, објаснете му на вашето дете што правите и поканете го да учествува во постот со вас. Објаснете му ја причината за постот, дека на тој начин се подготвувате и духовно и физички да го примите Исус во своето тело.
Поттикнете го длабокото почитување на вашето дете за Евхаристијата, така што ќе се молите со него пред и по добивањето на Светата Причест. “Душо Христова” е прекрасна и едноставна евхаристиска молитва што можете да ја молите заедно со своето дете, за да ја запомни. Дојдете неколку минути пред почетокот на Светата Литургија и заедно молете ја оваа молитва!
Овој начин на изразување на оваа посебна молитва ќе го научи вашето дете на почитување на светиот момент на примање на Евхаристијата.
Кога ќе ја напуштите клупата, откако ќе заврши Литургијата, наместо да клекнете во минување, одете со своето дете до Дарохранителницата и клекнете со него. Така вашето дете ќе научи дека Исус е навистина присутен во Евхаристијата и дека Тој почива во Светотохраниште до следната Света Миса.
Второ: Земете го вашето дете на Евхаристиско поклонување
Папата Иван Павле II и папата Бенедикт XVI го препорачуваа Евхаристиско поклонување како одличен начин на духовна подготовка за Прва Причест. Не грижете се дека вашето дете нема да го разбере Евхаристиско поклонување (дури не мора да зборувате) или дека нема да може да седи мирно. Само кажете му како ќе седите неколку минути и ќе разговарате со Исус и повикајте го и тој да зборува со Исус.
Забелешка: Запомнете дека децата природно веруваат и духовната реалност не им е тешко да ја разберат, доколку едноставно им се објасни.
Може да забележите дека вашето дете го разбира концептот на Исусовото вистинско присуство во Евхаристијата и дека всушност позитивно реагира на искуството на поклонување.
Трето: Зголемете ја литературата
Вашето дете можеби не ја разбира правилно Литургијата, но тоа не значи дека не може да учествува на свој начин и степен на разбирање. Има одлични детски книги за Литургијата, како и останата детска католичка литература, која ја објаснува светата Причест. Овие книги ќе го поддржат вашето учење за посебноста на Исус во Евхаристијата. Ако планирате да ги земете книгите и да ги листате за време на Литургијата, погрижете се да го земете и детскиот Катехизам. Литургијата нека биде свет момент и за вашето дете, како што е и за вас.
Со овие едноставни совети, вашето дете ќе се подготви за неговиот посебен ден со Исус, кога за прв пат ќе Го прими во Светата Тајна Причест.
Кетлин Велман/к.мк