Првиот верски христијански објект во модерна Турција ќе припаѓа на Сириската православна антиохиска Црква
Во Истанбул во рок од две години треба да изникне првата нова црква од формирањето на Република Турција.
Работите на првата христијанска црква во модерна Турција ќе започнат на крајот од месец февруари во Јасилкој, дел од Истанбул кој се наоѓа во близина на меѓународниот аеродром Ататурк, јавува Asia News, а веста ја потврди и весникот Daily Sabah.
Новиот богослужбен простор ќе припаѓа на Сириската православна антиохиска Црква, чиј претставник, патријархискиот викар за Истанбул и Анакара, Јусуф Четин, во вторник се сретна со Булент Керимоглу, началник на Бакиркој, една од градските општина на европската страна на Истанбул.
За време на средбата на патријархискиот викар службено му е врачена градежната дозвола за црквата која треба барем делумно да ги задоволи потребите на 17 илјади Асирци, припадници на Сириската православна црква на Антиохија, кои живеат живеат во Истанбул.
Јусуф Четин изјави дека веќе десет години траат напорите за изградба на богослужбен простор, кој ќе биде „прва историска турска црква“.
Како најголема христијанска заедница во градот, после арменската, бевме во голема потреба за црква – додава Четин.
Според информациите капацитетот на новиот верски објект би требало да биде за околу 700 места, а во планот се предвидени простор за паркирање и додатни простории.
Повеќето од 25 илјадната заедница на Асирци, кои според проценката живеат во Турција, припаѓаат на Сириската православна антиохиска црква. Интересно е да се истакна дека Светиот синод на Сириската православна Црква 1782 година за патријарх го избира Игнатиј Михаил III. Тој веднаш по устоличувањето нагласил дека е католик и дека стапува во полно единство со Рим и така настанува Сириската католичка Црква.
Ватикан њуз/к.мк