Поштенска марка со ликот на свештеникот борец против мафијата

Поштенска марка со ликот на свештеникот борец против мафијата

Светиот Престол ќе објави поштенска марка во спомен на италијанскиот свештеник и борец против мафијата Џузепе Пуглиси, кој е убиен во 1993 година. Тој сицилијански свештеник е роден 1937 година во Палермо, а бил познат по своето ангажирање за децата и младите за да ги сочува од врбувањето на организираниот криминал. Ангажирањето на дон Џузепе Пуглиси го налути локалниот шеф на мафијата, кој нареди да биде убиен. Во 2013 година дон Пуглиси е прогласен за блажен. Поштенската марка со номинална вредност од 1 евро ќе биде пуштена на 6 февруари 2018 година,

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот