Почина Јозо Топиќ, татко на дон Давор Топиќ

Почина Јозо Топиќ, татко на дон Давор Топиќ

На месните гробишта Павиќ Поље, кои припаѓаат на парохијата на Скопаљска Грачаница, кај Ускопље, во петок, на 17 јануари 2025 година се служеше задушна света Литургија и погреб на посмртните останки на Јозо Топиќ, татко на дон Давор, парохиски свештеник во парохијата „Свети Јосиф“ во Зеница и поранешен парох во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, и патер Анте Топиќ, парох во Грбавица.

Во име на врхбосанскиот надбискуп монсињор Томо Вукшиќ, задушната света Литургија ја предводеше генералниот викар на Врхбосанската надбискупија, монсињор Слаѓан Ќосиќ во сослужение со околу 20 свештеници, меѓу кои беа синовите на покојникот и месниот парох отец Илија Ивош, кој на почетокот изрази сочувство до ужаленото семејство.

На почетокот на проповедта, генералниот викар го прочита сочуството на надбискупот монсињор Томо Вукшиќ, а потоа сподели неколку мисли истакнувајќи дека секогаш кога некој близок го напушта овој свет, без разлика дали тоа ни се допаѓа или не, нашиот живот неминовно се менува“, рече тој и подвлече дека смртта не се спротивставува на животот, туку е дел од него, токму она што го учи верата.

По светата Литургија следуваше погребението на посмртните останки на покојниот Јозо Топиќ.

кта/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот