Последниот подарок на Папата за Газа: Неговиот папамобил станува мобилна клиника за деца

Последниот подарок на Папата за Газа: Неговиот папамобил станува мобилна клиника за деца

Светиот отец Фрањо остави барање за неговото возило, познато како папамобил, по неговата смрт да се преуреди во мобилна здравствена единица за децата во воено разурнатата Газа по неговата смрт. Иницијативата ја спроведува Каритас Ерусалим, а возилото ќе обезбеди основна медицинска нега за најранливите

Ова е последната желба на папата Фрањо, или поточно иницијатива од Светиот Отец во последните месеци од неговиот живот, кој постојано изразуваше солидарност со палестинскиот народ за време на неговиот понтификат, особено со децата погодени од војната. Мобилната клиника, преуредениот папамобил на мирот, од кој Папата со години ги поздравуваше верниците низ целиот свет, ќе биде опремен со дијагностичка и медицинска опрема и ќе ја води тим лекари и здравствени работници кои, веднаш штом безбедносните услови дозволат, ќе се упатат кон најизолираните делови од Појасот Газа.

Во Газа, според Каритас, речиси еден милион деца се раселени, а здравствениот систем е речиси целосно распаднат. Децата се најпогодени од глад, инфекции и недостаток на основна медицинска нега.

„Децата не се бројки. Тие имаат лица, имиња, приказни. И секое дете е свето“, честопати нагласуваше папата Фрањо. Неговите зборови добиваат конкретен израз со оваа иницијатива.

„Ова е конкретна, важна интервенција во време кога здравствениот систем во Газа е речиси целосно распаднат“, изјави Петер Бруне, генерален секретар на Каритас Шведска, додавајќи дека возилото ќе обезбеди пристап до здравствена заштита за деца кои се ранети и неухранети.

Каритас Ерусалим, кој со години делува во Газа и покрај тешките околности, го води проектот со повеќе од сто вработени ангажирани за обезбедувањето здравствена заштита. Преуредниот папамобил, според Антон Асфар, генерален секретар на Каритас Ерусалим, ја претставува „љубовта, грижата и близината, која Светиот Отец ги покажа кон најранливите во текот на целата кризата“.

Фотографиите објавени од проектот го покажуваат внимателното преуредување на возилото, кое со потребната логистичка и безбедносна поддршка, ќе дејствува во најизолираните делови од Појасот Газа.

„Ова не е само возило, туку и порака дека светот не ги заборави децата од Газа. И повик до сите нас никогаш да не престанеме да се сеќаваме на нив“, изјави Питер Бруне од Каритас Шведска

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот