Поранешниот претседател Иванов му го врачи на папата Фрањо признанието „Морален лидер на денешницата“
Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов по завршувањето на Генералната аудиенција во среда 29 март 2023 година го придружуваше поранешниот претседател Ѓорги Иванов и 50 лица кои ја поминале Школата за млади лидери на средбата со папата Фрањо.
Во таа прилика поранешниот претседател Иванов му го врачи на папата Фрањо признанието „Морален лидер на денешницата“.
Папата Фрањо се заблагодари на поранешниот претседател Иванов за признанието и истакна дека се уште му се свежи импресиите и срдечниот прием при посетата на Македонија на која домаќин беше претседателот Иванов. Воедно, Папата Фрањо упати поздрави до Македонија и македонскиот народ.
Претходно македонската делегација присуствуваше на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, на која папата Фрањо ја продолжи серијата катехези за ревноста во евангелизацијата.