Папата Фрањо прати ракописна порака до списанието „La Civilta Cattolica” по повод 170 годишнината од нејзиното формирање. Текстот на Папскиот кирограф ќе биде објавен на првата страница од првиот број на ова списание во јануари 2020 година
По повод 170 годишнината од покренувањето на Исусувското списание „La Civiltà Cattolica“, односно, “Католичка цивилизација“, папата Фрањо на неговиот директор му прати со своја рака напишана порака која ќе биде објавена на првата страна на изданието од тоа списание за јануари 2020 година. Ви благодарам за помошта која ја давате и на мене – напиша Папата. Ви посакувам да бидете креативни: распознавајте ја и задушете ја омразата, бедата и предрасудите.
Папски кирограф
Пред 170 години блажениот Пио IX од Исусуваската заедница побара да се формира списание „La Civiltà Cattolica“ (Католичка цивилизација). Оттогаш тој верно го следи Папата. Ви благодарам на помошта која ја давате и на мене.
Продолжете да ја живеете динамиката помеѓу животот и мислата со очите кои слушаат, знаејќи дека „Католичка цивилизација“ е онаа на добриот Самарјанин.
Ви посакувам да бидете креативни во Бога, истражувајќи ги новите патеки, благодарејќи исто така на новиот меѓународен здив со кој го оживувате списанието, се чувствува како од неговите страници да излегуваат гласови на бројни граници кои се слушаат.
Разликувајте ги начините на говорот, задушете ја омразата, бедата и предрасудите. И најмногу од сè немој да се задоволувате со предлози за поправки и апстрактни резимеа; напротив, прифатете го предизвикот на големите грижи на сегашното време во кое Бог секогаш е на дело.
Ватикан њуз/к.мк