Порака на Папата до учесниците на поклонението за семејства

Порака на Папата до учесниците на поклонението за семејства

Папата Фрањо упати порака до повеќе од десет илјади учесници на 10. Национално поклонение „Семејствата за семејството”, организирано од католичкото движење „Обнова во Светиот Дух” во соработката со Папската прелатура на Помпеја, општините на Помпеја и Скафати, Националниот оддел за пасторална работа со семејства при Италијанската епископска конференција, Форумот на здруженија за семејства, а под покровителство на ватиканската дикастерија за лаици, семејство и живот.

„Папата Фрањо до сите учесници го упатува својот срдечен поздрав и им ја гарантира својата духовна близина. Тој го поздрави овој важен настан, кој е како подготовка за Светската средба на семејства, кој ќе се одржи 2018 година во Даблин”, стои во пораката.

Покрај тоа, Папата ги повика сите да се молат „за измачените семејства поради недостаток на работа и за оние кои се гонети заради верата и за сите семејства во светот кои страдаат”.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот