Светиот отец Фрањо поради здравствени причини мора да откаже дел од планираните активности за следната недела соопшти на 25 февруари 2022 година Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Светиот Отец нема да може да учествува на последниот ден од средбата на медитеранските бискупи и градоначалници „Медитеран – граница на мирот“ во Фиренца на 27 февруари, поради акутна болка во коленото за која лекарот пропиша подолго мирување.
Од истата причина, е спречен да ги предводи обредите на Чиста среда – Пепелница, среда 2 март.
Ватикан њуз/к.мк