Понизноста и нежноста не се за слабите, туку за јаките

Понизноста и нежноста не се за слабите, туку за јаките

Во Твитер пораката која Светиот Отец ја упати на 8 јуни 2017 година порача дека понизноста и нежноста не се крепости за слабите, туку за јаките. Со тоа потсети на она што го напиша на крајот од својот апостолски поттик Evangelii gaudium, во кој објаснува дека постои маријански „начин“ во евангелизацискиот дел на Црквата.

Кога ќе го упатиме погледот кон Марија, повторно започнуваме да веруваме во натприродната љубов и нежност. Во неа согледуваме дека понизноста и нежноста не се крепости за слабите, туку за јаките, кои не треба да се однесуваат лошо кон другите како би се чувствувале важни – пишува папата Фрањо и продолжува:

Набљудувајќи ја Марија сфаќаме дека таа, која го славеле Бог затоа што „ги симна силните од престоли“, а „богатите ги отпушти празни“ (Лука 1,52-53), истовремено донесува сигурност во нашата потрага за праведност. Марија исто така е таа која внимателно „ги пазеше сите тие зборови, слагајќи ги во срцето свое“ (Лука 2,19). Марија е способна да ги препознае трагите на Божјиот Дух како во малите, така и во големите настани. Постојано го набљудува таинството на Бог во нашиот свет, човечката историја и во нашиот секојдневен живот. Таа е жена на молитва и работа во Назарет, а исто така и Богородица Брзопослушничка, која брза од својот град како би служеле на другите (сп. Лука 11,39).

Таа меѓуигра на нежност и праведност, контемплација и грижа за другите – пишува Папата – е причина зошто црковната заедница го упатува својот поглед кон Марија како пример за евангелеизација. Да ја молиме за мајчинско застапништво како Црквата би станала дом за многу народи, мајка на сите народи, и да се отвори пат за раѓање на нов свет. Воскреснатиот Христос ни зборува со сила, која нѐ исполнува со доверба и непоколеблива надеж „Еве, сѐ правам ново!“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот