Либерија доби медицинска помош од Светиот Престол.
Минатата недела, католичката болница Свети Јосиф во бискупијата Монровија, главниот град на западноафриканската земја Либерија, доби медицинска опрема за лекување на пациенти со коронавирус. Кампањата за вакцинација во земјата е многу бавна, со само 0,6 проценти од населението кое има примено целосна вакцинација. Затоа, солидарноста игра важна улога во обезбедувањето помош.
Во среда 25 август 2021 година апостолскиот нунциј Дагоберто Кампос Салас во присуство на генералниот секретар на локалната бискупска конференција о. Денис Кефас Нимене, предадена е медицинска помош на болницата Свети јосиф. „Му благодариме на Светиот Отец за овој дар“, рече о. Нимен, истакнувајќи дека од почетокот на пандемијата, Папата ги поддржува добротворните активности на локалната црква, исто така, преку финансиски донации. Така, овој последен гест е „продолжување на постојаната солидарност“.
Болницата Свети Јосиф, која ја води Редот на Свети Иван Божји (Бонифратри), ги координира активностите на сите 22 здравствени установи што ги води Католичката црква во Либерија. Во 2014 година, персоналот во болницата ја предводеше борбата против епидемијата со ебола. Оттогаш, направени се значителни напори за обука на персоналот и опремување на објектот за слични итни случаи, кои беа корисни за време на пандемијата со коронавирус.
Во август, папата Фрањо исто така и помогна на болницата „Добриот Пастир“ во Цитека, Свазиленд, Јужна Африка, во борбата против коронавирусот. На 11 август, респиратори, лична заштитна опрема и друга медицинска опрема беа доставени на установата.
Ватикан њуз/к.мк