„Помош на Црквата во неволја“: Во Мозамбик владее глад

„Помош на Црквата во неволја“: Во Мозамбик владее глад

Фондацијата „Помош на црквата во неволја“ предупреди на драматичната ситуација во Мозамбик, зафатен од глад, објави Kathpress во средата, 11 септември 2024 година.

Во областа Кабо Делгадо, потресена од конфликти, владее глад, објави фондацијата „Помош на црквата во неволја“. Фондацијата ја цитира пораката објавена од епископот Антонио Јулијасе Фереира Сандрамо од Пемба на северот на земјата.

„Многу луѓе живеат во бегалски кампови, но со малку хуманитарна помош отколку порано“, пишува епископот. Тој напоменува дека од страв од исламистичките сили, луѓето не се одлучуваат да се вратат во своите села, поради што многу ниви остануваат необработени, што повторно го зголемува гладот.

Епископот Фереира Сандрамо неодамна имал можност да посети некои парохии на крајниот север на Мозамбик, на границата со Танзанија. Посетата на тие региони со години не е можна поради воените услови. Насекаде служевме света Миса под ведро небо, среде урнатините“, пренесе епископот.

Како пример за тешката ситуација, тој ја наведе ситуацијата во парохијата „Пресвето срце Исусово“ во Нангололо во областа Муидуме, каде што порано постоеше центар со кој управуваа мисионери, во кој беа сместени црква, училиште, клиника, радио станица и бунар. По нападот во 2020 година, речиси ништо од тоа не остана. „Многу боли да се погледнат остатоците од зградите кои некогаш биле израз на верата. Сега има само урнатини“, нагласува епископот.

„Луѓето ја поднесуваат својата мака. Нивната вера е силна и покрај сиромаштијата се многу дарежливи еден кон друг“, рече тој и сведочеше дека е длабоко трогнат од фактот што верниците и покрај сопствената беда собирале милостина за да ја поддржат црковната добротворна работа. Во Нангололо, епископот на многу млади им ја подели светата Тајна Миропомазание.

Жестоки борби се водат на северот на Мозамбик од 2017 година. Исламистичките групи се обидуваат да ја преземат контролата врз областа, каде што се наоѓаат богати нафтени наоѓалишта долж брегот во провинцијата Кабо Делгадо. Нападите најпрво беа насочени кон цивилни и воени институции, но набљудувачите во меѓувреме утврдија дека нападите биле верски мотивирани против христијаните. Според проценките, досега во таа област се убиени повеќе од пет илјади луѓе, а повеќе од милион се протерани.

„Помош на Црквата во неволја“ со години пружа помош на бискупијата Пемба, на пример со грижа за прогонетите во тамошните бегалски кампови, а исто така ја поддржува работата на свештениците и монахињите и обезбедува пасторална и психолошка помош на преживеаните во терористичките напади.

„Многу сум им благодарен на сите што ни помагаат да бидеме блиски со луѓето. На овој начин можеме да ги поддржиме оние што страдаат“, рече бискупот Фереира Сандрамо.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот