Манастирот Ниепокаланов во Полска во текот на Втората светска војна пружил засолниште на многу војници и бегалци.
Во Полска во фрањевскиот манастир Ниепокаланов на 1 септември свечено е отворен „Центар за молитва за мир“. Капелата за вечното обожавање „Пресветата Тајна Евхаристија“ е дел од тој центар и единствено место во Полска, а едно од 12 меѓународни центри за мир во целиот свет, наречени 12 ѕвезди на круната на Марија Царица на мирот. По повод отворањето светата Литургија ја предводеше апостолскиот нунциј во Полска надбискупот Салваторе Пеначио, а проповедаше претседателот на Полската епископска конференција надбискупот Станислав Гадецки.
Фрањевскиот манастир Ниепокаланов кој се наоѓа во Тересин околу 40 километри од главниот град Варшава, го основал отец Колбе во 1927 гoдина. Пред Втората светска војна Ниепокаланов бил еден од најголемите католички манастири во светот. Во текот на војната манастирот пружил засолниште на голем број војници кои во 1939 година се ранети на полските боишта. Примил околу 1500 еврејски бегалци од западна Полска. Во повоениот период до него е изградена црква, а подоцна е основана и парохија. Во 1980 година со декрет на Светиот Престол манастирската црква во Ниепокаланов добива наслов мала базилика.
Секоја години илјадници ходочасници од земјата и од странство ја посетуваат базиликата и музејот на свети Максимилијан, кој се вика „Беше човек“ во спомен на трагичната смрт на свети Максимилијан Колбе кој почина во 1941 година во концетрационен логор во Аушвиц, каде го даде својот живот во замена за животот на семеен човек Францизека Гајонајчка.
„Центарот за молитва за мир“ е отворен на 79 годишнина од инвазијата на нацистичка Германија на Полска и почетокот на Втората светска војна. После инвазијата, нацистите многу фрањевци ги фатиле и подоцна ги убиваат во логорите на смртта.
Ватикан њуз/к.мк